Во сите ковид центри се лекуваат 317 болни од ковид-19, има 565 слободни болнички кревети

Фото: Министерство за здравство

На инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава се лекуваат  317 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот и има околу 565 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство според податоците од последните 24 часа.

Во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 186 пациенти. Во Битола се хоспитализирани 17, во Штип 20, а на инфективното одделение во Тетово има 4 болни. Во Велес се на лекување 16 болни, во Куманово 34, во ковид центарот во Охрид 25, во Прилеп 12, во Гостивар 5, а во Струга има 21 болен. Во болницата во Струмица се хоспитализирани 16 лица, во Кочани 4, во Кичево 7, во Кавадарци 5, а во Гевгелија нема болни пациенти.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти, а во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, информираат од Министерството за здравство.

Во последното деноноќие во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 5 нови пациенти, а вкупно 131 лице сомнително и потврдено за ковид-19 се лекува на инфективните одделенија. На Институтот за ТБЦ немало приеми, во ГОБ „8 Септември“ имало еден примен пациент, а 4 на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Дома е пуштен еден оздравен пациент.

Во моментов во Институтот за ТБЦ се лекуваат 18 лица, во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 49 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 64 пациенти.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 80 слободни места.