Во ковид центрите лежат 985 болни од ковид-19, слободни се околу 320 болнички кревети

Фото: Арбнора Мемети

На инфективните одделенија во болниците низ земјава се лекуваат 573 пациенти, а вкупната бројка на пациентите, позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во сите болници низ земјава е 985. Има околу 320 празни болнички кревети во сите ковид центри, соопшти Министерството за здравство. 

Според дневните извештаи од болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство, во Битола се хоспитализирани 41 пациент, во Штип има 53 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 31 пациент, во Велес се лекуваат 30 болни, а во Куманово 90 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирани 60 пациенти, во Прилеп 70, во ковид центарот во Гостивар 37, а во Струга 36 болни. Во болницата во Струмица хосе спитализирани 52 пациента, во Кочани 15, во Кичево 10, Кавадарци 29, во Гевгелија 14 лица, а во Дебар 5 позитивни и суспектни на вирусот. 

Вкупно 412 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 13 пациенти, на Клиниката за неврологија 17 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 29 пациенти со симптоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 21 пациент, на Клиниката за очни болести 13 пациенти, а на ОРЛ 16 болни. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 18 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 105 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 136 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 44 пациенти. И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, во ковид центрите во Скопје имало 102 болнички кревети.