Владата ќе го укине Советот за јавни набавки, бидејќи со неговото воспоставување, јавните набавки станале покомплицирани и се одвивале во подолг рок од предвидениот, рече денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски, на дебатата „Реформа во системот за јавни набавки“.
– Со Советот за јавни набавки, јавните набавки тешко се спроведуваат, имаат бројни неоправдани бирократски бариери, кои не само што не придонесуваат да се спречат можните злоупотреби, туку доведуваат до блокирање на институциите и ги спречуваат во нивното функционирање – рече Тевдовски.
Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации смета дека треба да се води грижа за квалитетот на бараните производи или услуги, да се напуштат принципот на најниска цена и електронските аукции.
Според неа, реформите во овој дел се многу важни бидејќи една третина од буџетот се јавните набавки.