Уништувањето на ИД е приоритет на Обама

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека уништувањето на Исламска држава е негов приоритет.

Обама синоќа, на состанокот во Белата куќа со членовите на заедничкиот штаб на вооружените сили на САД, рече дека борбата против ИД и понатаму е особено тешка, но изрази увереност во победата.

Тој наведе дека џихадистите продолжуваат да губат територии во своите упоришта во Ирак и во Сирија, како и дека имаат финансиски проблеми.

– Ќе продолжиме да се бориме против нив и ќе ги победиме – рече американскиот претседател и додаде дека челниците на американската војска направиле ревизија на одбранбената стратегија против ИД и на буџетот за таа намена.