Украдени изборни материјали од просториите на ОИК Кавадарци

Претседателот на општинската изборна комисија во Кавадарци вчера попладне во локалната полициска станица пријавил дека биле украдени изборни материјали од големата сала во зградата на Општина Кавадарци, што ја користела комисијата.

Кражбата, според пријавата, најверојанто била извршена утрината истиот ден, во периодот меѓу 1.30 и 6.30 часот. Сторителот, како што информираат од МВР, влегол преку вратата од салата, која била заклучена, а на која полициската екипа која извршила увид не констатирала оштетувања.

Од салата, според полицијата, биле одземени, три УВ-ламби, неколку перничиња за печати, пенкала кои се користеле за гласањето и линијари.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот, се вели во информацијата на МВР за случајот.