Учествувај на CtrlZ предизвикот и добиј Go Pro Hero 7

Фондацијата Метаморфозис објавува CtrlZ предизвик за кратко видео на тема: Животот на младите по појавата на ковид-19.

Можат да учествуваат сите заинтересирани млади лица од 13 до 24 години.

Сè што треба да направите е да креирате кратко видео поврзано со тоа како ќе изгледаат секојдневните активности на младите по завршувањето на ковид-19 епидемијата. Како ќе изгледа образовниот процес, полагањето испити, потоа дружењето, прославите на родендени, забавите во диско, одењето во кино, на кој начин ќе се одвиваат состаноците со партнерите, летните и зимските одмори, како ќе се спортува.

Видеата може да бидат снимени со каква било камера или телефон.

За да учествувате на предизвикот:

  1. Постирајте го видеото на дадената тема на вашиот профил на некоја од социјалните мрежи YouTube, TikTok, Instagram;
  2. Заследете го Инстаграм профилот на CTRLZ – https://www.instagram.com/ctrlz.mk/ ;
  3. Додадете го хаштагот #CtrlZChallenge во насловот или описот на видеото;
  4. Ако видеото е поставено на Инстаграм, задолжително означете го нашиот профил @ctrlz.mk. Пожелно е профилот да ви биде отворен, односно јавен (public), а не затворен (private) со цел да можат видеото да го видат сите. Доколку видеото е прикачено на ТикТок или YouTube, задолжително пратете ни линк до видеото во порака до нашиот Инстаграм профил.

Видеата не треба да бидат подолги од 5 минути, а јазикот може да биде македонски, албански или англиски, но ќе се прифаќаат и содржини во кои не мора да има говор, односно пораката може да е пренесена и преку она што се прикажува во видеото.

Во случај да се користат материјали кои не се авторски, задолжително е тие да се со отворена лиценца, односно слободни за бесплатно користење.

Забрането е користење материјали заштитени со авторски права или плагијаторство во апликациите.

Објавите ќе ги оценува тричлена комисија составена од новинари и претставници на граѓанскиот сектор. Најмногу ќе се вреднува идејата, креативноста при изработката и силината на пораката на доставените содржини.

Победникот ќе добие награда – Action Camera GoPRO  Hero 7.

Пријавите на предизвикот ќе се примаат од 25 јуни до 23 јули, а победникот ќе биде прогласен на 31 јули 2020 година.