Турција стравува од нов бегалски бран

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска рече дека најмалку еден милион Сиријци би можеле да пребегаат во Турција ако се случи егзодус во градот Алепо.

Алепо во моментов е под опсада на сириските и на руските сили, но најавено е дека на цивилите ќе им биде овозможено да го напуштат градот со своите семејства.

Во говорот пред претседателската палата, Ердоган рече дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за спогодба, според која, од Алепо треба да се отстрани терористичката организација Ал нусра.