Трамп за септември најави дебата со Камала Харис

Се договорив со Фокс Њуз да имам дебата со Камала Харис во среда, 4 септември, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social

Фото: Wikimedia Commons / Колаж: Мета.мк

Американскиот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп објави дека се договорил со телевизиската куќа Фокс Њуз на 4 септември да има дебата со Камала Харис, американски потпретседател и очекуваниот демократски кандидат за претседател на САД.

„Се договорив со Фокс Њуз да имам дебата со Камала Харис во среда, 4 септември“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Сè уште не е познато дали Камала Харис ќе прифати да оди на дебатата.

Синоќа Џејми Харисон, претседателот на Демократскиот национален комитет и изборниот штаб на Камала Харис објавија дека американскиот потпретседател обезбедил доволен број делегатски гласови за демократската кандидатура на претстојните претседателски избори.

Делегатите гласаа онлајн за претседателскиот кандидат на партијата и гласањето сè уште не е завршено.

Таа најави дека официјално ќе ја прифати номинацијата следната недела кога ќе заврши виртуелната декларација и со тоа ќе стане првата Афроамериканка и Азијка која ќе се кандидира за претседателската трка.