fbpx
Таг: Врховен суд

таг: Врховен суд

Вангеловски не ѝ дозволил на комисијата за Грујовски и за Бошковски да влезе во Врховен

На Комисијата која истражува дали судиите од Кривичниот, Апелацискиот и од Врховниот суд, кои одлучувале по барањата за притвори, ја прекршиле постапката и им овозможиле на Горан Грујовски и на Никола Бошковски да побегнат од државата, денеска не ѝ било дозволено да влезе во Врховниот суд и да изврши увид во списите од предметите „Таргет“ и „Тврдина“. Како што соопштија...

Врховниот суд повторно ја одложи јавната седница за „Монструм“

Врховниот суд денеска по четврти пат ја одложи јавната седница за случајот „Монструм“, бидејќи полицијата не можела да донесе едно од осудените лица од затвор. Јавната седница, на која треба да бидат разгледувани и да се одлучува по жалбите на шесттемина осудени на доживотни затворски казни за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро, овојпат е презакажана за 3 октомври. Претседателот на Врховниот...

Врховен суд на 14 септември ќе одлучува за пресудата на Звонко Костовски

Советот на Врховниот суд на 14 септември ќе расправа по барањето за заштита на законитоста поднесено од Специјалното јавно обвинителство во случајот „Пуч“ за пресудата на шестообвинетиот Звонко Костовски, објави „Судство“. Костовски потпиша спогодба со обвинителството и се согласи на издржување затворска казна од три години. Според СЈО, неопходно е да се направи ревизија на правосилната пресуда и да се утврди...

Комисија ќе испитува дали судиите им помогнале на Грујовски и на Бошковски да избегаат

Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија, денеска одржал седница на која донел одлука да формира комисија која ќе испита дали судиите од Кривичниот, Апелацискиот и Врховниот суд, кои одлучувале по барањата за притвори против обвинетите во случаите на СЈО „Таргет“ и „Тврдина“, ја прекршиле постапката и им овозможиле на Горан Грујовски...

Кој и под кои услови во Македонија може да нареди прислушување на дипломати

Прислушувањето на странски дипломати, во чии редови без исклучок има и разузнавачи, според Законот за следење на комуникации се врши на барање на министрите за внатрешни работи и за одбрана, а го одобрува судија на Врховен суд. Во Законот за следење на комуникациите условите и постапката за прислушување е уредена во две глави. Едната се однесува на сторители на кривични...

Шилегов: Со бегството, Грујовски и Бошковски ја потврдија оправданоста на одредениот притвор

Смисленото бегство на Горан Грујовски и на Никола Бошковски, обвинети за тешки кривични дела, е доказ за нивниот страв од соочување со правдата и ги потврдува основаните сомневања за нивната вмешаност во делата за кои се товарат, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. - Со недостапноста на обвинетите се потврдија основаноста и оправданоста за донесената мерка притвор. Но, истовремено,...

Врховен суд го потврди притворот за Грујовски и за Бошковски, Јакимовски останува без пасош

Врховниот суд денеска ја одбил жалбата на бранителите  на поранешниот началник на петтата управа во МРВ, Горан Грујовски, и на неговиот соработник Никола Бошковски и ги потврдил решенијата од Апелацискиот суд Скопје за притвор од 30 дена за обајцата, се вели во соопштението. Петчлениот совет на Врховниот суд истовремено ја уважил жалбата на бранителите на обвинетиот Тони Јакимовски, поранешен функционер...

Врховен суд денеска ќе ги разгледува жалбите за притворите од „бомбите“

Иако требаше да почне вчера, седницата на Врховен суд на која треба да се решава за жалбите на одлуките на Апелациски суд Скопје за притвор за обвинетите Горан Грујовски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски, ќе биде одржана денеска. Одбраната на обвинетите се жалеше до Врховниот суд на одлуките на Апелцискиот суд со кои беше прифатено барањето за притвори што го...

Врховен суд денеска одлучува за притворите на Грујовски, Јакимовски и на Бошковски

Во Врховниот суд денеска на затворена седница ќе се одлучува за жалбите на Горан Грујовски, Тони Јакимовски и на Никола Бошковски, на кои Апелацискиот суд Скопје им одреди мерка притвор. Апелацискиот суд на тројцата обвинети во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство, им определи притвор уважувајќи ја жалбата на СЈО против одлуката на Кривичнот суд, кој како мерка...

Полскиот парламент го усвои законот за реформи во Врховниот суд

Горниот дом на полскиот парламент го усвои законот за реформи во Врховниот суд, кој беше предлог на владејачката партија Право и правда, а за која критичарите велат дека го поткопува принципот на поделба на власта на извршна и на судска, пренесуваат светските медиуми. Со усвојувањето на оваа, според многумина, контроверзна реформа, се зголемува политичката контрола врз Врховниот суд, и покрај масовните улични...

Стаменковска: СДС со фркчовистички совет ќе се обиде да го контролира судството

СДС со фркчовистички совет ќе се обиде да го контролира судството и да инсталира нови „Катици“ за да има целосна контрола, изјави денеска на прес-конференција Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ Таа додаде дека „безобразно“ е сега Зоран Заев да го предлага лустрираниот Љубомир Фрчковски за реформатор на судството, исто како што е „безобразно“ на претседателот на комисијата за политички систем на...

Жалбите на Грујовски, Јакимовски и на Бошковски за притворите стигнале во Врховниот суд

Врховниот суд ги добил жалбите на Горан Грујовски, Тони Јакимовски и на Никола Бошковски на решенијата на Апелацискиот суд Скопје, со кои на тројцата обвинети во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство им беше одредена мерка притвор. „Жалбите на решенијата донесени од Апелацискиот суд Скопје, со кои е определена мерка притвор, се примени во Врховниот суд на Република...

Бубевски: Одложување на решение за притвор не постои никаде во светот, освен во Македонија

Не постои пример во светот каде се одложува спроведувањето на судско решение со кое е определен притвор, освен во Македонија. Ова е оценката на обвинителот на Специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, на ситуацијата во која Горан Грујовски (поранешен началник на петтата управа), Тони Јакимовски (поранешен шеф на кабинет на Сашо Мијалков) и Никола Бошковски (вработен во УБК) нема да...

Вангеловски на Прибе и на тимот им го презентирал својот план за реформи во судството

Рајнхард Прибе и неговиот тим експерти од денеска се во посета на земјава, во рамките на нивниот ангажман од страна Европската комисија да ѝ помогнат и да ја советуваат Владата во спроведувањето на системските реформи за владеење на правото. Експертот на Европската Унија и неговиот тим денеска имале средба со претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски. На средбата Вангеловски им...

Врховен суд ја одложи јавната седница за „Монструм“ за 12 септември

Врховниот суд ја одложи јавната расправа за случајот „Монструм“, односно за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро, поради неисполнување на законски претпоставки и ја презакажа за 12 септември. Адвокатите појаснија дека и јавниот обвинител претходно бараше одложување на неопределено време за да може Врховниот суд да ги прибави доказите и новите факти кои веројатно ги поседува Специјалното јавно обвинителство. Судот претходно двапати...

Врховниот суд денеска ќе одлучува по жалбите на осудените во „Монструм“

Врховниот суд денеска на јавна седница треба да ги разгледа жалбите на шестемина осудени на доживотни затворски казни во случајот „Монструм“, односно за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро. Седницата, како што соопшти судот, ќе биде јавна, а ќе се одржи во големата сала на Врховниот суд. Судот претходно двапати ја одложи оваа седница, која првин требаше да се одржи на 30...

Полициски хеликоптер го гранатирал венецуелскиот Врховен суд

Полициски хеликоптер фрлил гранати и отворил оган врз зграда на венецуелскиот Врховен суд и Министерството за внатрешни работи. За среќа, гранатите не биле активирани, поради што нема жртви. Како што пренесуваат локалните медиуми, на хеликоптерот бил поставен опозициски транспарент, а пилотот, кој е идентификуван како Оскар Перез, ги повикал припадниците на полицијата да му се придружат и Венецуелците да се откажат...

Вангеловски побарал од Прибе во реформите активно да бидат вклучени и судиите

Актуелната состојба во судството и препораките од извештајот на експертската група на Европската комисија од 2015 година биле во фокусот на средбата меѓу претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, и експертот на Европската Унија, Рајнхрад Прибе. На средбата, како што соопштија од судот, Вангеловски истакнал дека реформите во судскиот систем треба да се спроведат со активно учество на судиите, заради...

Бурна политичка недела: Хан во Влада, Заев и Груевски на суд, СЈО со истечен рок

Следната недела, од почеток до крај, ќе биде со набиена агенда од настани, кои се од интерес на јавноста, а нивниот исход ќе покаже како процесите важни за земјава ќе се одвиваат во иднина. Последната недела од јуни, пред официјалниот почеток на летните одмори, ќе биде судбинска за понатамошните „реформски“ активности на Владата и пресудна за понатамошното функционирање на Специјалното...

Врховниот суд закажа јавна седница за „Монструм“ за 29 јуни

Врховниот суд за следниот четврток, 29 јуни, ја закажа јавната седница на која треба да бидат разгледани и да се одлучува по жалбите на шестемина осудени на доживотни затворски казни во случајот „Монструм“, односно за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро. Седницата, како што соопшти судот, ќе биде јавна, а ќе се одржи во големата сала на Врховниот суд. Судот претходно двапати...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...