Горниот дом на полскиот парламент го усвои законот за реформи во Врховниот суд, кој беше предлог на владејачката партија Право и правда, а за која критичарите велат дека го поткопува принципот на поделба на власта на извршна и на судска, пренесуваат светските медиуми.

Со усвојувањето на оваа, според многумина, контроверзна реформа, се зголемува политичката контрола врз Врховниот суд, и покрај масовните улични протести, како и предупредувањата од Европската Унија, од Вашингтон.

За законот, кој треба да биде потпишан од полскиот претседател Анджеј Дуда, гласале 55 сенатори, 22 биле против, а двајца биле воздржани.