недела, 17 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: царина | 99 резултати

Полицијата, Царина и Пазарниот инспекторат во голема акција за заплена на режан тутун (галерија)

септември 17, 2021

Во тек е голема акција за заплена на режан тутун по пазарите и други простори за складиран режан тутун, соопшти Царинската управа на Северна Македонија. Големата акција се спроведува во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при МВР и Пазарен инспекторат. Детали се најавуваат за наскоро.

Царина: Вршиме контрола на сулфурот во мазутот, за другите параметри одговорни се инспекторатите

мај 27, 2021

Царината на РСМ денеска соопшти дека нејзината лабораторија врши задолжителна контрола единствено на содржината на сулфурот при внесувањето на мазут во земјава. За проверка на другите карактеристики на мазутот, според Царина, одговорни се Државниот пазарен инпекторат и Државниот инспекторат за животна средина. Нивната реакција следува по случајот со увозот на отпадно масло забрането за употреба […]

СТО одлучи дека американските царини за кинеските производи воведени во 2018 година се незаконски

септември 16, 2020

Комисијата за решавање спорови при Светската трговска организација (СТО) донесе одлука дека американските царини за кинеските производи во вредност од над 200 милијарди долари се незаконски. На овој начин, оценува Комисијата, американските мерки ги кршат клучните принципи на меѓународната трговија и условите под кои Вашингтон се приклучил кон Светската трговска организација. Министерството за трговија на […]

Извозот на свеж зеленчук во март е поголем за околу 3.000 тони во однос на лани

април 9, 2020

Покрај тешките услови, извозот во периодот јануари-март 2020 година е поголем за околу 210 милиони евра, информираше директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски. Според податоците на Царинската управа за надворешно-трговската размена, вкупната вредност на извозот во периодот јануари-март 2020 година изнесува 86,77 милијарди денари или 1,41 милијарди евра, што е поголемо за околу 210 милиони […]

Од Нова година, нов данок за увоз на стари возила

декември 28, 2019

Од почетокот на следната година се воведува нов данок за увоз на автомобили со примената на новиот Закон за данок на моторни возила, најави министерката за финансии Нина Ангеловска. Мерката има за цел да се намали аерозагадувањето предизвикано од сообраќајот. Износот на оданочувањето ќе зависи од тоа колку увезеното возило загадува. Електричните автомобили се изземени […]

Ангеловска: Ќе се зголеми прагот за ослободување од царина кај малите пратки 

ноември 18, 2019

Расте бројот на мали пратки што граѓаните и компаниите ги порачуваат преку интернет, па оттука Министерството за финансии, Царинската управа и Владата се соочуваат со години со барањето да се зголеми прагот на вредноста до која пратките се ослободени од плаќање увозни давачки. Министерката за финансии Нина Ангеловска најави дека се размислува за негово зголемување, […]

Тевдовски: Модулот за автоматски поврат и пребивање на ДДВ ќе стартува годинава

јануари 23, 2019

Навремен и неселективен поврат на ДДВ преку модул за автоматски поврат, електронско следење на плановите за јавните набавки, како и електронско обработување на царинските декларации и акцизните документи се дигитални процеси на кои Министерството за финансии заедно со УЈП и Царинската управа работеле минатата година, со цел подобрување на услугите за граѓаните и фирмите. – Управата за јавни […]

Од годинава сите царински декларации ќе се поднесуваат електронски

јануари 8, 2019

Годинава сите царински деклариции и акцизни документи ќе се обработуваат електронски. Ова беше истакнато денеска при посетата на министерот за финансии Драган Тевдовски на посетата на Царинската управа. Системот за управување со царински декларации на почетокот на февруари ќе почне да се применува на 11 пилот-проекти царински испостави, а веќе од средината на годината ќе […]

Царинската управа вработува 78 лица поради зголемен обем на работа

јануари 8, 2019

Царинската управа објави оглас за вработување на 78 извршители на определено време до крајот на тековната фискална година, а како главна причина за тоа е наведен привремено зголемен обем на работа до крајот на 2019 година. Во огласот се бараат советници, цариници, виши цариници, кандидати за началник на Одделение кабинет на директор во Царинска управа, […]

Глобите за царински прекршоци намалени за 75 отсто

август 6, 2018

За 75 проценти во просек се намалени глобите за царинските прекршоци за кои е предвиден мандатен платен налог, односно за оние кои можат да се платат на лице место, информираат од Министерство за финансии. Од таму додаваат дека со измените на Царинскиот закон се врши намалување на глобата од 250 евра на 50 евра за […]

Бектеши: Косово целосно ја повлече одлуката за зголемени царини

јули 31, 2018

Косовската Влада во целост ја укина одлуката за зголемени царини, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.Тој додаде дека одлуката треба да се спроведе од утре, откако претходно косовските власти ќе испратат официјално писмо до нивните царински служби. – На владината седница на косовската Влада, биле земени предвид аргументите што беа изнесени од македонската страна […]

Собранието го усвои Царинскиот закон за олабавување на казнена политика

јули 31, 2018

Хармонизација со законодавството на Европската унија, побрз проток на стоки и олабавување на казнената политика, предвидуваат измените и дополнувањата на Царинскиот закон, кои ги усвои Собранието на вчерашната седница. – Целта на измените е подобрување на легислативата во насока на создавање на униформна, правична и пропорционална примена на прекршочните одредби, соодветно на тежината на сторениот […]

Бектеши: За најскоро време очекуваме взаемно прифатливо решение со Косово

јули 27, 2018

По средбата помеѓу министерот за економија Крешник Бектеши и косовскиот министер за трговија и индустрија Бајрам Хасани, забелешките за комплетно отстранување на заштитната мерка за повисока царина на одредени земјоделски производи, треба да се најдат пред косовската Влада. Иако мерката е делумно повлечена за поголем број производи, односно од 21, остана на сила за само […]

Бектеши од Хасани денеска ќе бара целосно укинување на царината од Косово

јули 27, 2018

Mинистерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе се сретна со косовскиот колега Бајрам Хасани за повлекување на царините за земјоделските производи кои останаа неопфатени со одлуката на косовската Влада. „Во име на досегашната успешна трговска и, воопшто, економска соработка со Република Косово се надевам дека ќе најдеме заеднички јазик со мојот косовски колега, а дека […]

МЗШВ очекува целосно повлекување на одлуката на Косово

јули 26, 2018

Разговорите кои Владата и надлежните министерства ги водеа со Косово во изминатиот период вродија со плод, Приштина веќе ја повлече зголемената царина за дел од производите, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). „Утре, министерот за економија Крешник Бектеши, ќе се сретне со неговите колеги во Косово каде ќе се бара решение и […]

Министрите од регионот го повикаа Косово целосно да ги укине зголемените царини

јули 25, 2018

Министрите од регионот денеска во Белград на заеднички состанок ја повикаа косовската Влада целосно да ги укине зголемените царини за извоз на земјоделски производи во Косово, информираат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тие ја поздравиле одлуката на Косово за делумно укинување на зголемените царини, но побарале од Приштина итно и целосно да ги […]

Димитров: Со контрамерки кон Косово кризата ќе ескалира, мора да најдеме решение

јули 20, 2018

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров при денешната посета на Косово рече дека ако Македонија воведе контрамерки работата ќе ескалира во лош правец и потоа, повторно ќе мора да се седне за да се најде решение, осврнувајќи се на косовската одлука за зголемувањето на царините на овошјето и зеленчукот. Тој е убеден дека двете држави […]

Владата со контрамерки ако Косово не ги намали царините на земјоделските производи

јули 20, 2018

Во насока на решавање на проблемот со воведените зголемени царини од страна на Косово, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, е во постојана комуникација со ресорните министри од регионот, информираат од МЗШВ. Следната недела е планирана заедничка средба на сите ресорни министри од регионот, на која што ќе присуства и министерот Николовски, а […]

За зголемените царини во Косово, Македонија ќе се жали на ЦЕФТА и ЕУ

јули 19, 2018

Против одлуката на Косово да ги зголеми царините за одредени земјоделски производи, Македонија денеска ќе се пожали на ЦЕФТА и ЕУ, а ќе испрати и допис до министерството за трговија и индустрија на Косово, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Тој рече дека зголемувањето на царината за 30 отсто е прекршување на […]

МЗШВ прави анализа на штетите од царината на земјоделските производи за извоз на Косово

јули 18, 2018

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во овој период активно работи на заедничкиот Меморандум за соработка помеѓу македонското и косовското Министерство за земјоделство, кој што треба да придонесе за олеснување на трговската размена помеѓу двете земји, информираат од МЗШВ. „Одлуката од страна на Владата на Косово за воведување времена мерка за воспоставување на зголемена царина […]

Страна 3 од 5