fbpx
Таг: случај Транспортер

таг: случај Транспортер

СЈО побара продолжување на куќниот притвор на градоначалникот Талески

Специјалното јавно обвинителство денека од Кривичниот суд во Скопје побарало продолжување на куќниот притвор на битолскиот градоначалник, Владимир Талески за нови 30 дена, потврдија за „Мета“ од СЈО. Ова е второ барање на СЈО за продолжување на притворот на Талески, кој му истекува утре. Мерката куќе притвор битолскиот градоначалник, кој е првоосомничен во случајот „Транспортер“ му беше одредена од судот...

НСДП се сомнева дека притворот на Талески се спроведува според закон

Општинската организација на НСДП од Битола се сомнева и изразува сериозна загиженост за тоа дали куќниот притвор на битолскиот градоначалник, Владимир Талески, првоосомничен во случајот „Транспортер“, се спроведува според закон. „Со оглед на признанието на осомничениот Владимир Талески дека и покрај мерката куќен притвор тој и понатаму раководи и потпишува документи, а постои опасност осомничениот да не го повтори делото...

За притворениот Талески, Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска се „некои двајца луѓе“

„Некои двајца луѓе“. Вака денеска битолскиот градоначалник, Владимир Талески ги нарече поранешните министри за финансии и за внатрешни работи и негови сопартијци, Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска, кои во еден од прислушуваните разговори зборуваат за случајот со превозот на ученици во Битола и „скандалот“ што го направил градоначалникот. - Ќе повторам дека не може од еден телефонски разговор што го...

Истражители на СЈО проверуваат дали Талески од куќен притвор потпишува документи

Тројца истражители на Специјалното јавно обвинителство утрово пристигнале во Општина Битола, каде како што дознаваме, треба да извршат увид во врска со спроведувањето на куќниот притвор врз градоначалникот Владимир Талески. Од Специјалното јавно обвинителство за „Мета“ потврдуваат дека нивните истражители се во Општината. Оттаму велат дека тие се таму за да проверат дали евентуално има пропусти во спроведувањето на куќниот притвор,...

Жестока расправа во Советот на Општина Битола, опозицијата бара оставка од Талески

Во бурна атмосфера се одвиваше денешната седница на Советот на Општина Битола, на која советниците од опозициските партии повторно побараа оставка од градоначалникот, Владимир Талески, кој издржува куќен притвор, што му беше одреден како првоосомничен во случајот „Транспортер“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство. „Талески не е криминалец, туку народски кажано арамија“, довикуваа советниците од опозициските редови додека претседателката на...

ВМРО-ДПМНЕ: Јанева без причина побара продолжување на притворот на Талески

„Од чист политички реваншизам, само за да се задоволат деструктивните нагони на Зоран Заев и на криминалците околу него, Катица Јанева без никаква причина побара на Владимир Талески да му биде продолжен притворот“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната одлука на Кривичниот суд да му го продолжи куќниот притвор на битолскиот градоначалник за 30 дена. Од владејачката партија...

Судот му го продолжи куќниот притвор на Талески

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 го прифатил барањето на Специјалното јавно обвинителство и му го продолжил куќниот притвор на битолскиот градоначалник, Владимир Талески, за 30 дена, соопшти попладнево Кривичниот суд. „Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по предлог на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) за продолжување...

Талески денеска треба да биде донесен на распит во СЈО

Битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој е првоосомничен во случајот „Транспортер“, денеска во 12 часот треба да биде донесен на распит во Специјалното јавно обвинителство, потврдија за „Мета“ од СЈО. „Имаме информација дека денеска ќе го донесат“, велат од СЈО. Талески, како што информираа за „Мета“ од СЈО, на распит требало да биде донесен вчера, но поради наводно доцнење на судскиот налог...

Талески од куќен притвор се заканува со тужби против новинари

Градоначалникот Владимир Талески, кој е првоосомничен во случајот „Транспортер“, од куќен притвор му се заканува со тужба на новинарот од Битола, Симе Алушевски, издавач на весникот „Его“. Во заканите против новинарот, на Талески му се придружил и секретарот на Општина Битола, Слободан Бончановски, кој исто така е осомничен во истиот предмет и одлежа еден месец куќен притвор. Градоначалникот Талески и...

Касапов: На Битола мора да ѝ се случи „Владимир Талески ексит“

По одлуката на Апелацискиот суд во Скопје градоначалникот на Битола, Владимир Талески, да остане во куќен притвор, денеска советниците од ЛДП и од опозицијата во Општина Битола поднесоа барање на следната седница на Советот, која треба да се одржи во јули, на дневен ред да се стави точка со која на Талески ќе му се препорача да си поднесе оставка...

Апелациja денеска на јавна седница ќе ја разгледува жалбата за притворот на Талески

Апелацискиот суд Скопје денеска на јавна седница ќе ја разгледува жалбата за куќниот притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески, поднесена од неговите адвокати, потврдија за „Мета“ од судот. Како што инфоромираат оттаму, седницата е закажана за денеска во 14 часот. Разгледувањето на предметот за Талески на јавна седница, велат од Апелацискиот суд, било на барање на одбраната на битолскиот градоначалник, која...

И Канческа-Милевска го испофали Талески

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, во својот говор по повод почетокот на четвртото издание на „Битола Шекспир фестивал“, меѓу другото, упати пофалби до градоначалникот Владимир Талески за неговиот придонес за развојот на културата во градот. Инаку, Талески од понеделникот неделава е во куќен притвор како првоосомничен во случајот „Транспортер“. - Благодарност до градоначалникот Владимир Талески за соработката во културата. Со неговите заложби...

Предметот за куќниот притвор на Талески испратен во Апелација

Кривичниот суд денеска го испратил до Апелацискиот суд предметот за куќниот притвор на битолскиот градоначалник, Владимир Талески, кој е првоосомничен во случајот „Транспортер“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство, потврдија за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1. - Предметот е комплетиран и доставен до Апелацискиот суд - ни изјави портпаролката на судот, Паула Божиновска. За испраќање на предметот до Апелација се...

Судот чека доказ дека Талески го добил решението за куќен притвор

Кривичниот суд сè уште не го испратил предметот за битолскиот градоначалник Владимир Талески до Апелацискиот суд, иако, според најавите од судот, тоа требаше да се случи уште вчера. Од Основниот суд Скопје 1 велат дека жалбата на одбраната на Талески не е доставена бидејќи предметот сè уште не бил комплетиран. „Се чекаат доставници од битолската полиција за да се доуреди предметот....

Судот реагира на собирот на ГДОМ: Протестот е право, заканите се притисок

Демократско право на секој граѓанин е да го изрази своето незадоволство преку јавен протест, велат од Основниот суд Скопје 1 во врска со денешниот протест на ГДОМ пред судот против решението за куќен притвор за битолскиот градоначалник Владимир Талески и додаваат дека, како и досега ги осудуваат насилните протести и заканите со кривични пријави кон судии за нивно „искажано...

ЛДП: МВР го опструира Кривичниот суд со решението за Талески

МВР врши опструкција за постапување по решение на Кривичниот суд, а со тоа не се почитуваат судските одлуки и се кочи правдата, оценија од ЛДП-Битола. „Битолчани и воопшто, македонските граѓани, четврти ден ја чекаат веста за тоа дали решението за куќен притвор на битолскиот градоначалник, Владимир Талески, изречено од Кривичниот суд, допатува во Битола или се „загуби“, иако е потврдено...

Решението за куќниот притвор на Талески, загубено на пат за Битола

Четврти ден решението за куќен притвор на градоначалникот Владимир Талески патува од Скопје до Битола. „Нема сè уште ништо“, гласи пораката што портпаролот на битолската полиција ја испрати на прашањето на „Мета“ дали решението за куќен притвор за битолскиот градоначалник конечно стигна до битолската полиција. Додека полицијата во Битола тврди дека решение не добиле за притворање на градоначалникот Талески, Паула Костадиновска,...

ВМРО-ДПМНЕ: Талески доби притвор под притисок на СДСМ

Судот потклекна на бескрупулозниот и отворен притисок на СДСМ, кој нема никаква врска со правдата и со почитувањето на законите, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на одлуката на Кривичниот суд да му одреди куќен притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој е првоосоменичен во случајот „Транспортер“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство. „Само неколку часа откако СДСМ се закани...

Талески во куќен притвор, одлучи Кривичниот совет

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја преиначи одлуката на судијата и му одреди куќен притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој е првоосомничен во случајот „Транспортер“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО), соопшти попладнево Кривичниот суд. Претходно, на Талески, кој беше на распит во судот во понеделникот оваа недела, му беше одземен само пасошот иако СЈО за...

Талески куртули од притвор, но остана без пасош

Судијата го одби барањето на СЈО за притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој денеска два часа беше на распит во Кривичниот суд, како првоосомничен во случајот „Транспортер“. Сепак, како што информираат од судот, на Талески му е одземен пасошот. „Во врска со предлогот за определување мерка притвор против осомничениот В.Т., кој е опфатен во предметот на Јавното обвинителство за гонење...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...