fbpx
Таг: случај Транспортер

таг: случај Транспортер

Заврши распитот, Талески на задна врата излезе од судот

Битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој е првоосомничен во случајот „Транспортер“, по двочасовен распит пред судија на претходна постапка, од задната врата го напушти Кривичниот суд во Скопје. Специјалното јавно обвинителство бараше од судот на Талески да му биде одреден притвор, но засега од судот нема информација дали на битолскиот градоначалник му е одредена некаква мерка за обезбедување присуство или, пак, ќе...

Талески на распит во Кривичниот суд во Скопје за случајот „Транспортер“

Битолскиот градоначалник, Владимир Талески, претпладнево, околу 11 часот, се појави во Основниот суд Скопје 1, на распит пред судија на претходна постапка за случајот „Транспортер“. Талески, како што јавува „Плусинфо“, во судот дошол со адвокатот Никола Додовски, кој е бранител на повеќето високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, за кои СЈО има отворено кривични постапки и беа на распит пред судија на...

Кривичен суд: Одлуката на Иванов ќе ја спроведеме штом ќе ја добиеме

Кривичниот суд сè уште не ја добил одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за поништување на аболицијата и во моментов не може да каже што ќе преземе во врска со случаите за кои беше запрена постапката поради помилувањата, велат од Основниот суд Скопје 1. „Секако по добивање на одлуката судот ќе постапува и ќе ја спроведе одлуката во согласност со законските...

СЈО бара од судот да го замрзне имотот на битолскиот градоначалник

Специјалното јавно обвинителство побрало од Кривичниот суд во Скопје замрзнување на имотот на неколку лица осомничени во случајот „Транспортер“, меѓу кои и градоначалникот на Битола, Владимир Талески, потврдија за „Мета“ од СЈО. Оттаму велат дека во тек е постапката што СЈО ја најави на прес-конференцијата на 14 април, кога беше отворен случајот „Транспортер“ за злоупотреби со превозот на ученици во Битола. - Во...

Кривичниот совет ги укина притворите на уште двајца осомничени во „Транспортер“

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 на денешната седница ги уважил жалбите на двајца осомничени во случајот „Транспортер“ и наместо мерката притвор, што им ја одреди судијата на претходна постапка, им определил мерки за обезбедување присуство, соопштија попладнево од Кривичниот суд. „Жалбите на одбраната на обвинетите С.М. и А.Ш. против решението на судија на претходна постапка за определување мерка...

Куќен притвор за првоосомничениот во „Транспортер“

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја уважил жалбата на првоосомничениот во случајот „Транспортер“ на решението на судијата на претходна постапка и, наместо притвор, му одредил куќен притвор, потврдија за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1. - Постапувајќи по жалба на првоосомничениот во предметот „Транспортер“, С.Б., кој преку својот бранител поднесе жалба на решението на судија на претходна постапка,...

Притвор за уште двајца осомничени во случајот „Транспортер“

Судија на претходна постапка им одредил мерка притвор од 30 дена на двајца од тројцата осомничени во случајот „Транспортер“, кои денеска беа на распит во Кривичниот суд во Скопје, потврдија за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1. На третиот осомничен, според информациите од судот, му биле одредени мерки за претпазливост, односно да му биде одземен пасошот, да се јавува пред...

Паника меѓу администрацијата во Општина Битола по првиот притвор за „Транспортер“

Паника, страв и невообичаена претпазливост владее меѓу вработените во Општина Битола, по одлуката за притвор на еден од осомничените во случајот „Транспортер“, кој минатата недела го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО), велат неофицијални извори за „Мета“. Веста за притворот на еден од најблиските соработници на градоначалникот на Битола, Владимир Талески, бргу се рашири низ градот. Притворениот е актуелен секретар во Општина Битола,...

Oсомничен во „Транспортер“ доби притвор по сите основи

Судија на претходна постапка му одредил 30 дена притвор на еден од осомничените во случајот „Транспортер“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО) по сите три основи од ставот 165 од Законот за кривична постапка, додека на други тројца им се определени мерки на претпазливост, потврдуваат за „Мета“ од Кривичниот суд во Скопје. Според информациите, станува збор за вработен во...

Битолскиот суд доставува покани за распит на осомничените во „Транспортер“

Судскиот курир од Основниот суд во Битола денеска доставувал покани до дел од осомничените во случајот „Транспортер“ што Специјалното јавно обвинителство (СЈО) го отвори против градоначалникот Владимир Талески и уште 22 осомничени. Засега е неизвесно дали постапката ќе се води пред битолскиот суд или, пак, надлежен за случајот ќе биде скопскиот кривичен суд. Од судот негираат дека веќе било одлучено судската...

За Ставрески и за Јанкулоска, Талески е „тежок криминалец“, за Иванов е „чист со тапија“

„Коруптивен до даска!“ Вака актуелниот министер за финансии, Зоран Ставрески, во еден од прислушуваните разговори што лани ги објави СДСМ, со својата пронешна колешка, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, го окарактеризира договорот на битолскиот градоначалник, Владимир Талески за автобускиот превоз на ученици во градот, за кој Специјалното јавно обвинителство вчера отвори истражна постапка под името „Транспортер“. Разговорот меѓу Ставрески...

Талески: СЈО е тенденциозно и без правни аргументи

Нема правни аргументи во истражната постапка на Специјалното јавно обвинителство, вели битолскиот градоначалник, Владимир Талески, во врска со новата истрага што денеска ја обелодени тимот на Катица Јанева во случајот „Транспортер“ за злоупотреба на средства за автобускиот превоз на учениците. Попладнево Талески ги повика дел од медиумите на прес-конференција, на која даде изјава за наводите што ги изнесе СЈО во...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...