fbpx
Таг: потрошувачка

таг: потрошувачка

Во јули биле потрошени 547.640 мегават-часови електрична енергија

Во јули годинава, потрошени се 547.640 мегават-часови електрична енергија, 20.319 милиони кубни метри природен гас, 385.154 тони јаглен и 97.991 тон нафтени продукти, објави Државниот завод за статистика. Домашното бруто-производство на електрична енергија учествува со 76,9 проценти во домашната бруто-потрошувачка, додека 94,9 проценти од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.

НБРМ: Зголемено кредитирање на домаќинствата, а намалено на претпријатијата

Кредитите на домаќинствата имаат месечен пораст од 0,8 проценти, а на годишно ниво 9,8 проценти покажуваат податоците на Народна банка. Притоа најголем дел од зголемувањето на кредитирањето се должи на порастот на денарските пласмани. Од одобрените кредити, потрошувачките имаат месечен пораст од 1,1 процент, а станбените од 0,5 проценти. Годишниот пораст кај потрошувачките кредити е 12, а на станбените 13,7 проценти. Кредитите на...

НБРМ: БДП стагнира наспроти очекувањата за умерено зголемување

Домашниот бруто-производ (БДП) стагнира, наспроти очекувањата за умерен економски пораст во априлскиот циклус на проекции, велат од Народна банка. Надолен ефект врз БДП имал послабиот пораст на личната потрошувачка од очекуваниот, како и негативниот придонес на нето-извозот кон порастот, наспроти очекувањата за негов позитивен придонес во првиот квартал од годината. „Од друга страна, динамиката на инвестициската активност беше нешто подобра од очекуваната. Од...

Во мај биле потрошени 549.074 мегават-часови електрична енергија

Во мај годинава, потрошени се 549.074 мегават-часови електрична енергија, 4.120 милиони кубни метри природен гас, 442.930 тони јаглен и 85.513 тони нафтени продукти, објави Државниот завод за статистика. Домашното бруто-производство на електрична енергија учествува со 66,7 проценти во домашната бруто-потрошувачка, додека 92,7 проценти од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.

ЕК: Македонија треба да развие конкретна фискална стратегија

На годишниот економски и финансиски дијалог на ЕУ со земјите на Западен Балкан и Турција во Брисел државите се согласиле да ги забрзаат економските и социјалните реформи, со цел зајакнување на макроекономската стабилност, зголемување на конкурентноста и инклузивен пораст. Како што е наведено во заедничките заклучоци, Македонија се согласила да развие конкретна стратегија за фискална консолидација, да ги заштити инвестициите, да...

„Империал тобако“: Поскапувањето на цигарите беше интерна одлука

„Врз последното поскапување на цигарите влијаеше пристапот на нашата компанија кон пазарот, нејзино позиционирање и градењето на портфолиото. Во овој случај акцизата не беше фактор кој влијаеше на промената на цената“, одговори директорот за корпоративни и за правни работи на „Империал тобако“, Стеван Вранеш, на новинарско прашање во врска со последното поскапување на дел од цигарите за пет денари. Тој...

Повеќе од 80 отсто од потрошената електрична енергија била од домашно производство

Во декември минатата година, вкупно се потрошени 840.394 мегават-часови електрична енергија, 46.663 милиони кубни метри природен гас, 469. 206 тони јаглен и 87. 872 тони нафтени продукти, објави Државниот завод за статистика. Домашното бруто-производство на електрична енергија учествува со 81,1 отсто во домашната бруто-потрошувачка на електрична енергија, додека 95,6 отсто од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на...

ЕЛЕМ: ТЕЦ Осломеј не откажала ниту, пак, е исклучена поради дефект

„Не е точно дека ТЕЦ Осломеј откажала ниту, пак, е исклучена поради дефект. Овој капацитет во изминатиот период на зголемен потрошувачки конзум и потреба од електрична енергија, во целост одговори на потребите на тарифните потрошувачи“, се вели во реакцијата на ЕЛЕМ на соопштението на СДСМ. - Основна причина зошто капацитетот е надвор од електроенергетскиот систем е намалената потрошувачка на електрична енергијa....

Производството на електрична енергија учествува со 79,8 проценти во потрошувачката

Во ноември 2016 година сме потрошиле 695.934 мегават-часови електрична енергија, 33.459 милиони кубни метри природен гас, 464.200 тони јаглен и 97.561 тони нафтени продукти, објави Државниот завод за статистика. Домашното бруто-производство на електрична енергија учествува со 79,8 проценти во домашната бруто-потрошувачка на електрична енергија, додека 94,6 проценти од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.

Индустриското производство до ноември годинава поголемо за 3,4 проценти во однос на лани

Индустриското производство во ноември во однос на истиот месец лани бележи намалување за 4,9 процени, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. Во првите 11 месеци од годинава, пак, производството е поголемо за 3,4 проценти во однос на истиот период лани. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во истиот период, бележи опаѓање од 16,8 проценти, во...

Прометот во индустријата е зголемен за 10,7 проценти за првите девет месеци во однос на лани

Во првите девет месеци од годинава, прометот во индустријата во однос на истиот период лани бележи зголемување од 10,7 проценти, објави Државниот завод за статистика. Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар за истиот период е зголемен за 1,1 отсто, а прометот остварен на странските пазари е зголемен за 12,6 проценти. Прометот во индустријата во септември во однос на истиот месец лани...

Индустриското производство зголемено за 5,4 проценти во однос на лани

Индустриското производство во првите девет месеци е зголемено за 5,4 проценти во однос на истиот период лани, објави Државен завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во септември годинава во однос на истиот месец лани, е зголемено за 0,3 проценти, во секторот преработувачка индустрија бележи зголемување од 4,7 проценти, а во секторот снабдување со електрична...

Производството на електрична енергија учествува со 67,04 проценти во потрошувачката

Во август сме потрошиле 553.525 мегават-часови електрична енергија, 3.328 милиони кубни метри природен гас, 424.537 тони јаглен и 121.903 тони нафтени продукти, објави Државниот завод за статистика. Домашното бруто-производство на електрична енергија учествува со 67,04 проценти во домашната бруто-потрошувачка на електрична енергија, додека 96,76 проценти од вкупното потрошено количество јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Светска банка ни предвидува економски пораст од само 2 проценти, најмал во регионот

Економскиот пораст во Македонија се очекува да забави и да достигне ниво од само 2 проценти во 2016 година под влијание на намалувањето на инвестициите, се вели во најновиот економски извештај на Светска банка за Југоисточна Европа, кој денеска беше презентиран во Скопје. - Првпат по шест години, инвестициите имаа негативен придонес во економскиот пораст, што е спротивно на земјите...

Со нова веб-платформа граѓаните ќе се информираат како се трошат нивните пари

Граѓаните имаат право да знаат како се трошат нивните пари и на среден рок владите ќе бидат принудени да даваат повеќе информации, бидејќи на тој начин може да се зборува за здраво и демократско општество. Ова денеска го истакна Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации на конференцијата „Отворени податоци за трошење на јавните средства, искуства од регионот и состојба...

СДСМ: За подобар живот на граѓаните потребен е пораст на БДП поголем од 5 проценти

„Мизерниот животен стандард на граѓаните го потврди и Државниот завод за статистика со само 2,2 проценти пораст на домашниот бруто-производ (БДП). Од 2007 година, поради недомаќинското водење на економијата од страна на неодговорната власт, просечниот пораст на БДП е заглавен на ниво од три проценти, што е премалку за подобрување на животниот стандард на граѓаните“, се вели во соопштението на...

Се намалува прометот во индустријата на домашниот пазар

Прометот во индустријата на домашниот пазар во јуни во однос на истиот месец лани бележи опаѓање од 8,7 проценти, а индексот на прометот остварен на странските пазари бележи зголемување од 6,9 проценти покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според главните индустриски групи, прометот во јуни во однос на истиот месец лани бележи пораст кај капитални производи за 21,5 проценти и трајни производи...

Цените на индустриските производи повисоки за 0,5 отсто на годишно ниво

Продажните цени на индустриски производи на домашниот пазар во мај се повисоки за 0,8 отсто на месечно ниво, односно за 0,5 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика. Во мај, во однос на истиот месец лани, продажните цени на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите капитални производи за 7,6 проценти, трајни производи за широка потрошувачка за 3,9 проценти,...

Поголеми даноци за Британците како последица од Брексит

Британскиот министер за финансии, Џорџ Озборн, денеска изјави дека Велика Британија ќе мора да ги зголеми даноците и да ја намали јавната потрошувачка за да одговори на новите економски предизвици откако граѓаните донесоа одлука за напуштање на ЕУ. Тој изјави дека на Велика Британија по Брексит нема да ѝ „цветаат рози“ надвор од ЕУ и дека е клучно да се обезбеди...

ОЕЦД: На светот му претстои нова економска криза предизвикана од ниската потрошувачка

Глобалната економија би можела да западне во замката на низок економски раст кој ќе ја загрози иднината на следните генерации, освен ако владите под итно не ја зголемат потрошувачката, предупреди денеска Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). - Без сеопфтана, кохерентна и заедничка акција, разочарувачкиот и успорен раст ќе трае, што значително ќе го отежне исполнувањето на ветувањето спрема...

Условни казни за инцидентите пред Собрание во јули добија уште шестмина обвинети

На денешното рочиште во Основниот кривичен суд во Скопје уште шестмина обвинети за инцидентите, кои на 5 јули се случија пред Собранието за време на протестите против францускиот предлог,...