среда, 11 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: невреме | 247 резултати

Невремето во прилепско 100 проценти ги уништи тутунот, пиперката, пченката и житото

24 јули 2018

Невремето кое вчера зафати повеќе населени места од прилепско, зад себе остави катастрофални последици, информираат од Општина Прилеп. Огромни се штетите на земјоделските површини во атарот на селата Мало и Големо Коњари, Кадино Село, Галичани, населбата Варош и повеќе други населени места. „На површина од околу 600 хектари, речиси целосно се уништени насадите со тутун, […]

МЗШВ: Штетите на јаболковите насади во Преспанскиот регион се до 80 проценти

10 јули 2018

Според првичните проценки на претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и локалните власти штетите од невремето во ресенскиот регион се 80 проценти, информираат од МЗШВ. „Преспанскиот регион е дури шест пати опфатен од невреме од мај до денес. Токму затоа, Комисијата за проценка на штети е веќе формирана и активна. Според првичните информации поројниот […]

Аларм за невреме попладне и во текот на викендот

6 јули 2018

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) прогнозира невреме со пороен дожд и грмежи во некои региони на земјава попладнево и во текот на ноќта. Слична ќе биде временската состојба и во деновите на викендот. Според алармот, попладнево и кон крајот на денот, особено во планинските региони ќе има изолирани појави на пороен дожд и грмежи, со […]

МЗШВ: Невремето предизвика штета на 5.000 хектари земјоделска површина во Овчеполието

14 јуни 2018

Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со локалните власти, излегоа на терен, во увид на штетите врз земјоделските посеви, по вчерашното невреме во овчеполскиот регион. Според првичините проценки во регионите на општините Лозово и Свети Николе,  од невремето е предизвикана штета на површина од околу 5.000 хектари. „Претставниците од МЗШВ реализираа средби со […]

Од утре период со многу дожд

5 јуни 2018

Според Управата за хидрометеоролошки работи, од утре до сабота ќе имаме период со многу дожд и во текот на денот, со голема можност за невреме со грмежи. Утре во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. В четврток и в петок преку денот ќе има изолирана појава на […]

Невреме со поројни дождови вечерва

15 мај 2018

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предмалку издаде предупредување за невреме со пороен дожд и грмежи попладнево и вечерва. Според метеоролозите, со невремето ќе бидат зафатени главно западните и северните делови на земјава, вклучително и Скопската котлина. Вистинскиот удар ќе биде вечерва, со пороен дожд на одредени места, силен ветер и грмежи, а можен е и […]

Облачно време, попладне со услови за локално невреме

15 мај 2018

Времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Попладне, а особено во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, на места со поинтензивни процеси во форма на невреме. За кратко време, претежно во западните и северните делови се очекува да наврне поголема количина воден […]

Најмногу дожд во Куманово и Скопје, поплавени куќи и прекини на струјата

7 мај 2018

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Куманово, 36 литри на метар квадратен и во Скопје – Петровец – 34 литри на метар квадратен, информираат од УХМР. Во Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје пристигнале дојави за поплавени објекти во скопските села Црешево и Стајковци. Невремето, во одредени делови од Скопје, предизвика проблеми и […]

Започна исплатата на земјоделците за штетите од 2017 година

26 април 2018

Исплатата на обештетувањата за земјоделците од временските непогоди што се случија во 2017 година започна денеска, извести Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска исплати близу 85 милиони денари (1,38 милиони евра) обештетувања за 2.355 земјоделци во Ресен, како регион каде што имаше најголеми штети. Исплатата […]

Петмина загинати во силното невреме што ги погоди Холандија и Германија

18 јануари 2018

Пет лица загинаа во силното невреме што ги зафати Холандија и Германија, проследено со ветер кој дувал со брзина од 140 километри на час, соборувајќи стебла и превртувајќи камиони, пренесува „Би-би-си“. Три лица загинале во Холандија и едно во Германија откако врз нив паднале соборени стебла и гранки. Вториот Германец загинал во сообраќајна несреќа откако […]

Во поплавите во Калифорнија загинаа 15 лица, а најмалку 25 се повредени

10 јануари 2018

Во Калифорнија продолжува потрагата по настраданите во големиот одрон кој уништи десетина домови во областа Санта Барбара, каде што засега има 15 загинати и најмалку 25 повредени. Најмалку 50 лица мораа да бидат евакуирани со хеликоптер, поради невремето а бројот на жртви може да биде поголем при проширување на истрагата. This is not a river. […]

Се зголемува бројот на загинати во невремето на Мадагаскар

9 јануари 2018

Бројот на загинати во налетот на циклонот „Ава“ во источниот дел на островот Мадагаскар се зголеми на 25 лица, а повеќе десетици се водат како исчезнати, соопштиле властите на островот, јавуваат светските агенции. Поради невремето евакуирани се повеќе од 17.000 лица. Од владата на Мадагаскар соопштиле дека опасноста поминала и дека се укинати сите предупредувања […]

Големо невреме во БиХ, урнати дрвја и бандери, летале покриви и фасади

12 декември 2017

Во налетот на силните ветришта што ноќеска ја погодија БиХ, претежно нејзиниот источен дел, нанесени се бројни штети, со многу урнати дрвја и бандери и одлетани покриви и парчиња од фасади. Според Хидрометеоролошкиот завод на Република Српска, во текот на ноќта ветерот во Бања Лука дувал со брзина од 115 километри на час, а претпладнево […]

Поради снежното невреме, откажани се голем број на летови од аеродромите низ Европа

11 декември 2017

Снежното невреме предизвика големи проблеми во авиосообраќајот во Велика Британија, Германија и во Франција, поради што голем број на летови се откажани или одложени, јавуваат светските медиуми. Најмалку 50.00 патници останале заглавени на аеродромот „Хитроу“, бидејќи стотина летови доцнат или се откажани. Проблеми со невремето има и во Германија, а на аеродромот во Франкфурт откажани […]

Сè поголем бројот на загинати во поплавите во Атина

15 ноември 2017

Најмалку 14 лица загинаа во големите поплави кои се случија во близина на Атина, пренесуваат грчките медиуми. Спасувачките екипи во текот на денот пронашле 12 тела – осум мажи и четири жени во атинско предградие Мандра, додека двајца мажи биле пронајдени мртви во морето. Според грчките власти, во поплавите повредени се најмалку 13 лица, кои […]

Најмалку четири лица загинаа во невремето што ја погоди Централна Европа

29 октомври 2017

Најмалку четири лица загинаа во невремето што денеска ги погоди централните делови на Европа. Невремето предизвика прекин на електричната енергија и на сообраќајот, соопштија припадниците на спасувачките служби. Силниот ветер предизвикал застој на железничкиот и на патниот сообраќај на неколку патни правци во Чешка. Неколку реки на северот на земјата достигнале алармантно ниво на водата, а […]

Невреме на цел Балкан, поплави и штети во Грција и во Хрватска

24 октомври 2017

Поради невремето со силен дожд, ветер и со снег што го зафати целиот Балкан, во Грција и во Хрватска се забележани поплави на повеќе места и штети од турнати дрвја и бандери, јавуваат балканските медиуми. Во градот Патра на грчкиот полуостров Пелопонез, е поплавена болница, на островот Кефалонија имало и торнадо, додека во Парга, популарното […]

Во најсмртоносното невреме во Виетнам загинаа 54 лица

13 октомври 2017

Бројот на загинатите во поплавите и во свлечиштата во северниот и во централниот дел на Виетнам се зголеми на 54 лица, соопштија денеска властите. Ова, како што се наведува, е една од најсмртоносните временски непогоди што го погодиле Виетнам години наназад. Спасувачите очајнички трагаат по 39 лица, кои се водат за исчезнати откако поројните дождови неделава погодија […]

Невреме го парализираше железничкиот сообраќај во Германија

6 октомври 2017

Железничката и метро-линија на северот на Германија сè уште се во прекин по силното невреме во кое загинаа седум лица. Повеќето линии се откажани, меѓу кои и железничката линија Берлин – Хамбург. Градските служби ги отстрануваат дрвата и гранките од патиштата и од пругите. Повеќе од 35.000 лица ноќеска останаа без електрична енергија во сојузната […]

Осум луѓе загинаа во невреме во Романија

18 септември 2017

Осум луѓе ги загубија животите, а 67 се повредени во големото невреме што вчера ја погоди Западна Романија, со ветришта од 100 километри на час. Еден човек загинал во Темишвар кога на него паднал билборд, додека жена била усмртена од дрво што паднало во зоолошката градина, соопшти портпаролката на Генералниот инспекторат за вонредни ситуации во […]

Страна 4 од 13