fbpx
Таг: Младински образовен форум

таг: Младински образовен форум

„ENGAGE 2022“ – сведоштва за активизам, одговорност и ангажирање во средината

Домашни и странски говорници и активисти беа дел од годинешниот „ENGAGE 2022“ во Куршумли Ам, каде презентираа лични инспиративни приказни за тоа како се алармира за проблеми во животната средина, како е да се известува од војна, како медиумите можат да го променат јавниот наратив за општествени и егзистенцијални проблеми, но и како младите можат да изградат успешен старт...

Дигитализацијата е возможна мисија само ако се гради на здрава ИТ основа

Нови дигитални материјали за учење како дел од новата Концепција за основно образование, електронски алатки, интерактивни табли, електронско пријавување за упис во средно училиште, електронско аплицирање за стипендија, за студентско легло во студентски дом, водење евиденција во електронски дневник... Ова се само некои од можностите и услугите кои се дел од образовниот систем во С. Македонија. Надлежните често кажуваат дека...

[ВИДЕО] Знаковен толкувач во здравствениот систем ќе ги намали тешкотиите со кои се соочуваат глувите лица

„Поради недостиг на акустичка перцепција, глувите лица во здравствените инстиуции се соочуваат со низа потешкотии“, гласи слоганот на членовите Клубот за демократско учество при ДУЦОР „Партенија Зографски“ под кој изработија видео со цел подигање на свесноста за проблемите со услугите во здравствениот систем и понуди за решение за аспектите кои ги засегаат глувите лица. Членовите на клубот поткрепени со активистите...

Младите од руралниот дел на земјата сметаат дека државата не прави ништо за нив, сакаат да си заминат

Младите сметаат дека е потешко човек да најде работа ако некој од семејството нема врски или не потекнува од богато семејство. Исто така сметаат дека не е лесно да започнат свој бизнис, а алармираат и дека училиштата наместо да се опремени како што доликува за 21-ви век личат како да се од минатиот, нагласија денес учесниците на промоцијата на...

Дебатен турнир за млади: Овој дом би го приватизирал управувањето со водните ресурси

Во рамките на кампањата „Разбистри сè“ Младински образовен форум, во соработка со Институтот за комуникациски студии ќе го организира финалето на Дебатниот турнир за млади на тезата „Овој дом би го приватизирал управувањето со водните ресурси“. Турнирот ќе се реализира во форматот на Британска парламентарна дебата, на кој повеќе од 20 средношколци од целата држава ќе дебатираат за зададената теза...

МОФ организираше натпревар за најдобар средношколски бизнис план

Во организација на Младинскиот образовен форум (МОФ), a со поддршка од Американската амбасада во Северна Македонија, денеска беше организиран натпреварот во бизнис планови “YES TEAM FOR THE WIN!”, информираат од МОФ. Станува збор за средношколски натпревар, во кој пет младински тимови ги презентираа своите бизнис-идеи пред жири комисијата, борејќи се за главните награди на овој натпревар. Во жири комисијата на...

Се одржа јубилејното 10-то издание на Конференција за социјален активизам ENGAGE 2021

Голем број домашни и странски активисти, поединци и иницијативи кои се залагаат за општествени промени во саботата беа дел од десеттото, јубилејно издание на Конференцијата за социјален активизам ENGAGE, кое годинава го имаше своето прво хибридно издание каде што домашните говорници говореа во живо од Музејот на современа уметност (МСУ), додека пак странските говорници се вклучуваа преку платформата за...

МОФ: Во сите училишта да се организираат часови за информирање и подготовка за матурските испити

При одржувањето на државна матура, клучен приоритет треба да бидат здравјето, безбедноста и информираноста на сите вклучени во процесот на подготовка и полагање: учениците, наставниот и административниот кадар, техничкиот персонал, како и набљудувачите. Навремена комуникација со матурантите и обезбедување на нивна поддршка во целиот процес е клучна за успешно организирање и спроведување на матурскиот испит кој е особено значаен...

МОФ изготви препораки за Концептот за далечинско образование

По објавувањето на Kонцепцијата за далечинско учење на Министерството за образование и наука, Младински образовен форум изготви препораки за дополнување на концепцијата и спроведе фокус-групи за споделување на искуствата и потребите на средношколците во врска со далечинското учење. „Потребно е Концепцијата да ги опфати и обезбеди потребите за учење на учениците со попреченост. Исто така, Концепцијата да се дополни со...

Доцна и нецелосна најава на тестирањата за упис во средно, реагира Младинскиот образовен форум

По вчерашната најава дека во средните училишта во кои ќе има повеќе заинтересирани ученици од слободни места во прва година ќе биде спроведено квалификационо тестирање, Младинскиот образовен форум изрази загриженост околу целиот процес на тестирањето. За нив проблематично е тоа што за точниот термин учениците беа известени нецели четрити дена пред тестирањето за два теста, по математика и мајчин јазик,...

Со серија настани се одбележува Меѓународниот ден на младите

Меѓународниот ден на младите, 12 август, денеска ќе биде одбележан со серија на настани. Со две панел дискусии што ќе се одржат во „Јавна соба“, со почеток од 18 часот, Агенцијата за млади и спорт (АМС) денеска ќе го одбележи овој датум. На првата панел дискусија на тема „Младински центри“, ќе говорат директорот на АМС, Дарко Каевски и Драган Атанасов...

Волонтерска акција „Зелено за здравје“ во Струга

Поддржана од проектот за граѓанско општество на УСАИД, денеска во Струга беше спроведена волонтерска акција за садење зимзелени украсни дрва во центарот на градот, под мотото „Зелено за здравје“. Целта на акцијата беше да се подигне значењето на зелените површини и потребата од нивно одржување. Акцијата ја реализираше Младински образовен форум (МОФ), во соработка со „Аква“ - Струга, локалниот младински совет...

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...