[ВИДЕО] Знаковен толкувач во здравствениот систем ќе ги намали тешкотиите со кои се соочуваат глувите лица

Фото: Принтскрин од видео „Нашето здравје не е играчка“

„Поради недостиг на акустичка перцепција, глувите лица во здравствените инстиуции се соочуваат со низа потешкотии“, гласи слоганот на членовите Клубот за демократско учество при ДУЦОР „Партенија Зографски“ под кој изработија видео со цел подигање на свесноста за проблемите со услугите во здравствениот систем и понуди за решение за аспектите кои ги засегаат глувите лица.

Членовите на клубот поткрепени со активистите од здружението „Млад знак“ направија интервјуа со глуви лица од различна возраст во Скопје, Битола и Охрид за нивните  лични искуства од услугите од здравствениот систем. Она што е неопходно за подобра комуникација во здравствениот систем е толкувач на знаковниот јазик бидејќи здравствените работници не го разбираат истиот. За ова активистите се обратија и кон Министерството за здравство со соодветни препораки за подобрување на услугите од здравствениот систем и барање за одржување на состанок.

Препораките поднесени до Министерството се следни:

  • Подигање на јавната свест за еднаквост во здравствениот систем;
  • Соодветна информираност на здравствените работници за комуникација со глуви
    пациенти;
  • Толкувач на знаковен јазик при Mинистреството за здравство;
  • Идентификационен картон за глув пациент и неговата состојба;
  • Технолошки иновации за повик на 112.

Видеото изработено на иницијатива на учениците членови на Клуб за демократско учество во ДУЦОР „Партенија Зографски“ е во поддршка на Младински образовен форум, Млад знак и Иницијативата за демократија на Западен Балкан, програма на Фондацијата за демократија на Вестминстер.