вторник, 20 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: изборни нерегуларности | 50 резултати

Спасовски: Мирен изборен ден, 46 пријави за изборни нерегуларности

15 октомври 2017

Не се регистрирани посериозни нарушување на изборниот процес, а до МВР се доставени 46 пријави за помали нерегуларности, како фотографирање гласачко ливче, гласање за друг, поткуп и носење гласачи на избори, информираше денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. МВР евидентирало 44 прекини на гласање на гласачки места, каде по 15 до 20 […]

МВР регистрираше поткуп на гласачи, гласање за друг и кражба на гласачко место

15 октомври 2017

МВР преку соопштение до медиумите информираше дека до 14 часот нема регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на изборите. Од почетокот на гласањето до 14 часот, до МВР пристигнале 26 пријави за изборни нерегуларности, меѓу кои и за поткуп на гласачи, носење гласачи на избори, фотографирање гласачко ливче, како и за […]

МВР апелира за мирни избори

13 октомври 2017

Министерствотo за внатрешни работи (МВР) апелира до политичките партии и до нивните симпатизери да ги почитуваат изборните правила, да се воздржуваат од какви било нарушувања на јавниот ред и мир, бидејќи, како што се вели, секакво однесување спротивно на законите нема да толерира. „МВР ќе преземе сè што е потребно за в недела, на 15 […]

СДСМ: Сите институции се посветени на спроведување фер и слободни избори

13 октомври 2017

Сите наделжни институции се целосно професионализирани и посветени на спроведувањето фер, слободни и демократски избори. Граѓаните да бидат спокојни и да не подлегнуваат на лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ и в недела масовно и слободно да го искористат своето право на глас. Со таква порака се обрати СДСМ, реагирајќи на прес-конференцијата на Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ, […]

Хелсиншки комитет ќе има дежурна служба за пријавување нерегуларности

13 октомври 2017

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија извести дека в недела, 15 октомври, канцеларијата на Комитетот ќе биде отворена во текот на целиот ден за да им овозможи на граѓаните да пријават повреда на избирачкото право за време на локалните избори. Сите што сметаат дека нивното избирачко право е повредено, може да го пријават случајот […]

Заев: Секогаш кога СЈО ќе отвори нов случај, јас сум таргет на Зврлевски

17 март 2017

Секојпат кога Специјалното јавното обвинителство ќе отвори нов случај, Зоран Заев е таргет на Републичкото јавно обвинителство, изјави лидерот на СДСМ по денешниот „распит“ во ОЈО Скопје. Заев во обвинителството се задржа околу половина час и, како што изјави по излегувањето, денеска нему и на неговиот адвокат, Ване Андреев, им биле усно презентирани сомневањата за […]

Заев денеска на распит кај Зврлевски за изборни нерегуларности

17 март 2017

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во 12 часот е повикан на распит во Основното јавно обвинителство, во врска со истрагата за злоупотреба на пари во изборна кампања, пренесуваат медиумите. Покрај Заев, според информациите во медиумите, на распит се повикани уште неколку раководни лица во партијата. Од СДСМ потврдија дека поканата од Јавното обвинителство пристигнала […]

Зврлевски отвори истраги против високи функционери на „одредена политичка партија“

16 март 2017

Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корпуција информираше дека отворило две истражни постапки поврзани со изборни нерегуларности за време на парламентарните и на изборите за претседател на државата, одржани во април 2014 година и за предвремените парламентарни избори во декември минатата година. Осомничените, поранешни високи функционери на МВР, на локалната самоуправа и „носители на […]

ОЈО Скопје потврди дека води истрага против политичка партија за изборни нерегуларности

13 февруари 2017

Основното јавно обвинителство Скопје отворило постапка против „едно лице – организатор на изборна кампања и други лица“, како и против правно лице за кривично дело злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања. Во соопштението на Јавното обвинителство не е конкретно наведено за кои лица станува збор, но извесно е дека се работи за политичка […]

СЈО: Јанкулоска беше повикана на распит за „Титаник“

6 февруари 2017

Поранешната министерка за внатрешни работи и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска, денеска била повикана во Специјалното јавно обвинителство во својство на осомничена во случајот „Титаник“, потврдија за „Мета“ од СЈО. Оттаму велат дека Јакулоска денеска побарала увид во доказите, поради што, додаваат од СЈО, таа „повторно ќе биде повикана на распит за истиот предмет […]

Ибраимовски: Бев повикан во СЈО за изборните криминали на Јанкулоска во Шуто Оризари

22 август 2016

Лидерот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), Самка Ибраимовски, по сослушувањето во СЈО изјави дека бил повикан во врска со „криминалните избори во општината Шуто Оризари, односно во втората изборна единица“. Тој посочи дека му е драго што почнале да се докажуваат изборните криминали во изборната едница во којам како што нагласи, носител […]

СЈО прави медиумско-политички циркус, смета Бонева

22 август 2016

Кога го гледав законот за Специјалното јавно обвинителство во Собранието, никаде немаше одредба дека предистражната постапка, која треба да биде тајна, ќе биде медиумски политички циркус, изјави претставничката на ВМРО-ДПМНЕ во Државната изборна комисија (ДИК), Силвана Бонева, денеска по сослушувањето во Специјалното јавно обвинителство. – Сите сме сведоци на тој циркус. Верувам дека тие што […]

Тачи по распитот во СЈО: Кога правото зборува, политиката треба да молчи

22 август 2016

Кога правото зборува, политиката треба да молчи. Ова беше единствената изјава на лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, по распитот во Специјалното јавно обвинителство. Тачи во СЈО се задржа еден час, но не сакаше да каже повеќе детали за тоа во кое својство е повикан и за кои случаи беше испрашуван. Во СЈО сè […]

Обвинителството ја активираше електронската адреса за пријавување изборни нерегуларности

29 март 2016

Привремената комисија за следење на изборни нерегуларности, што минатата недела ја формираше републичкиот Јавен обвинител, Марко Зврлевски денеска одржала состанок со граѓанските организации и ја промовирала електронската адреса [email protected], на која можат да се пријавуваат сомненија за сторени кривични дела поврзани со претстојните избори на 5 јуни, соопшти Јавното обвинителство. „Целта на средбата беше да се […]

Гошева: Изјавите на Јанева се неприфатливи и неодговорни

23 март 2016

Елена Гошева, претседателката на Уставниот суд, ги оцени изјавите на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, како неприфатливи и неодговорни. Според Гошева, таквите изјави на Јанева ја компромитираат нејзината улога во СЈО. – Изјавите на Катица Јанева насочени кон негирање и деградирање на постојните државни органи и институции во Република Македонија истакнувам дека се неприфатливи, неодговорни […]

Груевски: СДСМ го менува ставот за законот за помилување, не ВМРО-ДПМНЕ

14 март 2016

„Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за помилување останува ист како и во 2009 година кога поднесовме измена на законот со која што побаравме укинување на одредени можности на претседателот поврзани со помилувања на одредени категории на лица“, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при посетата на Клиниката за гинекологија. Коментирајќи ги најавите на опозицијата […]

Утре во 12 часот повторно ќе се протестира пред Уставен суд

28 февруари 2016

Граѓанската платформа „Ајде“ утре во 12 часот повикува на нов протест пред Уставниот суд поради одлуката судот да ја прифати иницијативата да расправа за уставноста на Законот за помилување, со кој се предвидува лица гонети или осудени за изборни нерегуларности и криминал да не можат да бидат помилувани. „Ајде, в понеделник, уште еднаш јасно и […]

Гиевска: Изнесените клевети и навреди, Шилегов ќе добие можност да ги докаже на суд

28 февруари 2016

Слободанка Гиевска, ќерка на уставната судијка Елена Гошева, денеска испрати демант на прес-конференцијата што портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, ја одржа во петокот. Шилегов на прес-конференцијата рече дека Гошеви не само што се директно поврзани и наградувани од ВМРО-ДПМНЕ со високи позиции во државата, туку ова семејство преку Слободанка Гошева учествувало и во слични изборни измами […]

Заев: Ќе се обидеме да привлечеме што е можно повеќе неопределени гласачи

27 февруари 2016

СДСМ посветено работи и стои на ставовите за обезбедување фер и демократски избори, рече денеска лидерот на опозицијата, Зоран Заев, на трибина со младите во Битола. – Ги подготвуваме партијата и нашето членство за избори и се надевам дека ќе анимираме огромен број неопределени гласачи, кои ќе се впуштат во поддршка на опозицијата. Ние се надеваме […]

Заев: Одлуката на Уставен суд само охрабрува нови изборни измами

25 февруари 2016

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од Кочани го кажа својот личен став за последната одлука на Уставниот суд, со која се дозволува разгледување на уставноста на Законот за помилување. –  Само да потсетам дека изборните грабежи, независноста на судството и пратизираните институции беа главни причини за политичката криза во Македонија. Со одлуката на Уставниот суд, […]

Страна 2 од 3