вторник, 9 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: импичмент | 42 резултати

Од кабинетот на Иванов не одговараат на прашања со зборот на буквата „о“

јуни 8, 2016

„Прашањето е примено, одговор ќе добиете понатаму“, ваква реакција добивме вчера од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов на прашањето дали претседателот има намера да си поднесе оставка. Денеска од кабинетот на Иванов никој не одговара на телефонските повици. Иако двапати претседателот ја погази и ја поништи одлуката за аболиција, а во Собранието за него се води […]

Комисијата смета дека барањето за отповикување на Иванов е неосновано

јуни 6, 2016

Предлогот за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов не е основан, оцени собраниската Комисија. Пратениците на СДСМ, ДУИ и на ДПА гласаа „за“, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои се мнозинство во комисијата, беа против. Но, без оглед на тоа што мнозинството смета дека нема основаност за барање одговорност од претседателот, пратениците на пленарна седница на 13 […]

Комисијата за импичмент на Иванов денеска треба да поднесе извештај до Собранието

јуни 6, 2016

Денеска е последниот рок во кој Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, треба да поднесе извештај за работата и да каже дали предлогот за импичмент на Иванов е основан. Собраниската седница е закажана за 11 часот. На последната седница пратениците од СДСМ побараа претседателот на комисијата, […]

В понеделник комисијата треба да подготви извештај за импичментот на Иванов

јуни 3, 2016

Пратеникот Горан Мисовски на денешната седница на Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да расправаат за мотивите заради кои Иванов ги донел одлуките за аболиција. На ова, пратениците од владејачката партија му одговорија дека немаат мандат за тоа. Според […]

Денеска продолжува седницата на комисијата за импичмент на Иванов

јуни 3, 2016

Денеска во 11 часот, во Собранието, треба да продолжи седницата на Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов. Пратеничката на СДСМ, Рената Дескоска, на вчерашната прва седница на Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, рече дека […]

СДСМ бара Иванов да одговара на прашања пред комисијата за импичмент

јуни 2, 2016

Пратеничката на СДСМ, Рената Дескоска, на денешната прва седница на Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, рече дека тој прекршил неколку основни уставни и законски начела. Според Дескоска, Иванов за аболицијата има и политичка и правна одговорност. – Со вкупно 107 аболиции за 56 лица, […]

Прва седница на комисијата за импичмент на Иванов

јуни 2, 2016

Денеска во 11 часот, во Собранието треба да се одржи првата седница на Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов. Сè уште не се знае дали пратениците од коалицијата на СДСМ ќе учествуваат во работата на оваа комисија, затоа што тие, иако ја поднесоа иницијативата […]

Утре ќе се одржи првата седница на Комисијата за импичмент на Иванов

јуни 1, 2016

Утре во 11 часот во Собранието треба да се одржи првата седница на Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов. Сè уште не се знае дали коалицијата на СДСМ ќе учествува во работата на оваа комисија, затоа што тие иако ја поднесоа иницијативата за импичмент […]

СДСМ на Управен суд ја оспори одлуката за формирање на комисијата за импичмент на Иванов

мај 31, 2016

СДСМ денеска поднесе тужба до Управниот суд со која ја оспори одлуката за формирање на Kомисија за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов. Како што велат од партијата при формирањето на Комисијата за одговорност на Иванов, тие побарале од претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски да обезбеди спроведување на деловникот, но тој не сторил ништо. – Со […]

Комисијата за импичмент на Иванов експресно заврши на Управен суд

мај 30, 2016

Собранието попладнево со 52 гласа „за“ и 33 „против“ на 103 седница ја донесе одлуката за формирање Комисија за оценување на основаноста на Предлогот за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов за одлуката за аболиција, поднесен од страна на опозицијата. Во Комисијата ќе има 11 члена, 6 од ВМРО-ДПМНЕ, по два ќе имаат СДСМ и […]

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за импичментот на Иванов

мај 30, 2016

Опозициската СДСМ и владејачката ВМРО-ДПМНЕ се судрија на денешната седница на Собранието на која се расправа за формирање на комисија за оценување на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов. Опозицијата обвини дека грубо е прекршено правото за соодветна застапеност на членовите во Комисијата за импичмент на Иванов поради тоа што […]

Комисијата за импичмент на Иванов денеска на дневен ред во Собранието

мај 30, 2016

Пратениците на денешната 103. пленарна седница во Собранието треба да одлучуваат за формирање Комисија за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов, поради неговата одлука за аболиција на политичари и нивни соработници. Оваа точка не беше дел од дневниот ред, што службата за односи со јавност на Собранието, ја достави утрово до медиумите, за подоцна да биде додадена, […]

Денеска во Собрание ќе се расправа за неколку закони по скратена постапка

мај 30, 2016

Денеска во рамките на 103 седница пратениците ќе треба да расправаат повеќе предлог-закони по скратена постапка, како и за интерпелацијата за работата на претседателката на Комисијата за образование, наука и спорт, Олга Најденовска, поднесена од пратениците од опозицијата. Пратениците треба да ги разгледаат и Извештајот за работата на Агенцијата за администрација и годишните извештаи за […]

ВМРО-ДПМНЕ бара апсолутно мнозинство во комисијата за отповикување на Иванов

мај 27, 2016

Шест од вкупно 11 членови во новата комисија која ќе треба да ја оцени основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов да бидат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, предложи Зоран Илиоски, претседател на комисијата за прашањата за изборите и именувањата. Останатите пет члена треба да бидат од СДСМ (2), од ДУИ […]

Собраниската комисија ќе расправа дали да се формира комисија за отповикување на Иванов

мај 27, 2016

Денеска на седница на комисијата за прашања на изборите и именувањата која треба да се одржи во 13 часот, пратениците ќе расправаат за предлог-одлуката за основање на Комисија која ќе треба да ја оцени основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов. Барањето за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, […]

Иницијативата за импичментот на Иванов влезе во собраниска процедура

мај 26, 2016

Барањето за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов која ја поднесе пратеничката група на СДСМ досега ја потпишале вкупно 52 пратеника, што е доволно за да може да се почне процедурата за импичмент. Како што информираат од пратеничката група на опозицијата, иницијативата за импичмент на Иванов ја потпишале пратениците од СДСМ и коалиционите партнери, 16 пратеници од […]

Величковски: Најголемите партии да поднесат заедничка иницијатива за одложување на изборите

април 15, 2016

Ако претседателот Ѓорге Иванов ја сфати штетата што ја направи со аболицијата, досега ќе ја повлечеше одлуката и ќе си поднесеше оставка, смета претседателот на Либерална партија, Ивон Величковски. „Партиите потписнички на Договорот од Пржино треба да спроведат постапка за импичмент. Иницијативата за повлекување на аболицијата треба да биде само една од точките за излез […]

ДС бара вонредна седница на Собранието за импичмент на Иванов

април 13, 2016

Демократскиот сојуз денеска ги повика сите пратеници да дојдат во Собранието и да почнат постапка за одржување вонредна седница за да се донесе одлука за престанување на важноста за самораспуштање на законодавниот дом и да се поведе постапка за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов. „Во согласност со Уставот на Република Македонија и со деловникот за […]

Страна 2 од 2