fbpx
Таг: гласање

таг: гласање

Ацо Колевски е новиот претседател на Советот на јавни обвинители

Ацо Колевски е избран за нов претседател на Советот на јавни обвинители. На денешното тајно гласање, Колевски едногласно ја доби довербата од 10-те членови на Советот. Тој ја наследува функцијата од досегашниот претседател на Советот на јавни обвинители, Коле Штерјев, чиј мандат веќе заврши. Мандатот на новиот претседател на Советот на јавни обвинители трае две години, без право на повторен избор. Ацо...

Продолжува праксата на носење закони по итна постапка (инфографик)

Собранието на Северна Македонија не ја напушта практиката на донесување закони по скратена и итна постапка, иако во последните две години процентот на донесени закони по итна постапка е намален. Сепак, продолжува непочитувањето на правото за јавна расправа за предложените закони, што, пак, остава простор за нанесување штета на демократијата и неисполнување на основната улога на Собранието известува Порталб.мк. До...

Унгарија го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Унгарија го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, соопштија од кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери кој денеска присуствувал на чинот на гласањето. На гласањето, сите 153 пратеници едногласно се изјасниле „за“. Џафери, на гласањето присуствуваше на покана на претседателот на Националното собрание на Унгарија, Ласло Ковер.

Советот на Европа го врати правото на глас на Русија

Парламентарното собрание на Советот на Европа (PACE) денеска изгласа враќање на правото на глас на Русија, кое ѝ беше одземено пред пет години, кога Крим со референдум ја поврати укинатата автономија и изгласа присоединување кон Руската Федерација. Русија потоа го припои Крим на својата територија, што беше карактеризирано како анексија на украинска територија. Собранието на седницата во Стразбур враќајќи го...

Седницата на која треба да се гласаат новите министри ќе се одржи в среда

Седницата на Собранието на која на дневен ред е предлогот за избор на членови на Владата, е закажана за среда во 11 часот, информираа од Собранието. На истата 103. седница е и предлогот за разрешување на министрите кои ќе бидат сменети. Според списокот на имиња кој премиерот Зоран Заев го достави до Собранието, за министер за животна средина и просторно планирање...

Денеска седница за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски

Со почеток во 11 часот, денеска собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања ќе решава за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски, кој минатата година во ноември избега во Унгарија, каде доби политички азил. Седницата ќе ја води потпретседателката, Снежана Калеска -Ванчева бидејќи досегашниот претседател на комисијата, Павле Богоевски минатата седмица си даде оставка по скандалот со неговиот телефонски...

ИРИ: Мнозинството од граѓаните повеќе се ориентирани кон Западот

Жителите на земјава, но и на Србија и на БиХ не се чуствуваат како да припаѓаат ниту на Истокот ниту на Западот, но сепак во голем дел ги преферираат западните сојузи, покажа новата анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ). Доколку утре се одржи референдум за членство во Европската Унија, мнозинството од граѓаните на Република Северна Македонија (69%) би гласале „за“,...

Дали се Албанците виновни и за лошиот пласман на Србија на Евровизија?

Српскиот проект за проверка на факти „Раскрикавање“ направи темелна проверка на небулозни тврдења на српскиот весник „Ало“, кој ја обвини Фјола Исмаили, членка на македонското жири во изборот на песна на Евровизија, дека била виновникот што жирито од Македонија не ѝ дала ниту еден поен на српската претставничка Невена Божовиќ. „Ова жири Србија ја остави без гласови, додека на Албанија...

ДУИ: Задоволни сме од придонесот на партијата со што е овозможен цензусот

Шефот на изборниот штаб на ДУИ, Изет Меџити, рече дека во партијата се задоволни од придонесот во двата изборна круга со што е овозможен цензусот и предноста на нивниот концепт. - Нашите првични неофицијални проценки се дека има околу 90.000 албански гласови кои го поддржаа концептот на консензус. Сакам да изразам длабока загриженост во врска со информациите на теренот за...

Пендаровски очекува убедлива победа

Очекувам уште поубедлива победа во вториот круг, затоа што оние категории на луѓе кои останаа дома во првиот круг или оние луѓе кои гласаа за противкандидатот Река, кој ја заврши својата трка во првиот изборен круг, еден дел од нив очекувам дека ќе излезат на биралиштата и ќе гласаат, рече претседателскиот кандидат Стево Пендаровски по денешното гласање. Тој нагласи дека...

Сиљановска: Политичката зима во Македонија ќе заврши со сонце

Претседателската кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска - Давкова очекува дека ќе стане петтиот претседател на Република Македонија. По гласањето таа изјави дека „конечно политичката зима во Македонија ќе заврши со сонце“. - Мислам дека таргетот на кој се концентрирав го исполнив, односно групите граѓани за кои мислам дека ќе се инспирираат или да им се разјаснат дилемите дали да излезат...

Мицкоски: И покрај сите притисоци ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска ќе победат

И покрај сите злоупотреби и покрај сите тие притисоци, и покрај сето она што се случуваше изминативе денови и посебно полициската опсада која што беше реалност во Охрид и Ново Село изминативе неколку денови, ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска - Давкова ќе победат денеска. И Македонија денеска ќе добие првата жена за претседател. Со таква порака до јавноста се обрати претседателот...

Заев: Верувам дека ќе продолжиме рамо до рамо со развиениот свет

Денеска, е прво најважно да успеат изборите, да имаме успешен избор на претседател на земјата наша. Истовремено од одлуката ќе зависи во кој правец и со какво темпо ќе продолжи да се движи земјата наша. Јас верувам дека ќе продолжиме со забрзано темпо да се движиме напред да бидеме рамо до рамо со современиот западен развиен свет, порача премиерот...

ДИК: До 18.30 часот гласале 795.577 гласачи или 44,5 проценти од граѓаните со право на глас

До 18.30 излезноста е 795.577 гласачи односно 44,5 проценти од запишаните во избирачкиот список, според обработени податоци од 97,61 проценти од избирачките места, информираше претседателот на ДИК, Оливер Дерковски. Тој оцени дека денешниот изборен ден поминал мирно и достоинствено без поголеми нерегуларности кои не се пријавени на избирачките места. Општини кај кои е забележана голема излезност се Битола 53,26 проценти, Вевчани...

Првиот круг беше мирен и транспарентен, велат меѓународните набљудувачи

Претседателските избори во Северна Македонија се добро спроведени, но на законската рамка сѐ уште ѝ треба подобрување, велат меѓународните набљудувачи, кои вчера ги презентираа првичните наоди. - Фундаменталните слободи на собир и изразување беа почитувани и денот на изборите беше мирен, уреден и транспарентен. Меѓутоа, сѐ уште има голема потреба од широка изборна реформа - порачаа тие. Според Серин Моборн, специјална...

ДИК разреши избирачки одбори од Ѓорче Петров и Берово

Во согласност со записниците од општинските изборни комисии и избирачките одбори, Државната изборна комисија информираше (ДИК) дека конечниот вкупен број на гласови на кандидатите за претседател изнесува Блерим Река 79.921 гласови, Гордана Сиљановска-Давкова 319.364 гласови и кандидатот Стево Пендаровски добил 323.892 гласови, информираат од ДИК. На 35. седница на Државната изборна комисија било утврдено дека во согласност со членот 121...

МОСТ: Првиот круг во фер и демократска атмосфера

Фото: Борче Поповски
Првиот круг од изборите помина во фер и демократска атмосфера. Граѓаните повторно учествуваа во изборен процес во кој слободно можеа да ја изразат својата волја. Во текот на изборниот ден беа забележани само неколку изолирани случаи на неправилности кои не влијаеја на квалитетот на изборниот процес и на кои имаше соодветна реакција од надлежните органи, соопшти Граѓанската асоцијација МОСТ. Изборната...

Пендаровски со тесна победа пред Сиљановска – Давкова

Според обработените 100 отсто од податоците на Државната изборна комисија (ДИК), кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски освоил 323.846 гласа или 42,85 проценти од вкупниот број гласови, наспроти 319.240 гласа или 42,24 проценти од гласовите дадени за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска - Давкова. Пендаровски победил во Куманово, Крива Паланка, Струмица, Берово, Делчево и Дојран како и во Центар...

Пендаровски: Поддршката од мнозинството значи дека на 5 мај ќе победи концептот „заедно напред“

Претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски, вечерва на прес-конференција истакна дека мнозинската поддршка од граѓаните во првиот изборен круг значи дека концептот „заедно напред“ ќе победи на 5 мај. - Мнозинството граѓани се изјаснија дека сакаат напред. Концептот „заедно напред“ ќе се заокружи на 5 мај. Едвај чекам да се фатам за работа бидејќи државата 10 години немаше...

Партиите оценија дека изборите поминале мирно и во демократска атмосфера

Фото: Борче Поповски
СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, штабот на независниот кандидат Блерим Река оценија дека изборите поминале мирно во демократски и фер услови. Шефот на изборниот штаб на СДСМ, Александар Кирацовски изборите ги оцени како „скандинавски и кристално чисти“. „Изборниот ден помина во фер и демократска атмосфера. Им честитам на граѓаните бидејќи своето право на глас го изразија слободно на достоинствен и на демократски начин....

Силјановска Давкова стана претседателка, при заклетвата не го користеше уставното име

Новата претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска Давкова, на денешната инаугурација во Собранието, при положувањето на заклетвата избегна да го каже уставното име на државата. Иако претседателот на...