Таг: Anti disinfo

таг: Anti disinfo

Лажни вести за мигрантите потпалуваат омраза во Србија

Комесаријатот за бегалци и миграции на Србија предупреди вчера дека на социјалните мрежи се шири лажна вест за наводен напад од група мигранти врз 17-годишна девојка во центарот на Белград. „Ова не е прв случај на ширење на лажни вести на социјалните мрежи за мигрантите во Србија. Социјалните мрежи се користат како место за непопречено излевање омраза и ксенофобија кон...

Уште од 2008 година за ВМРО-ДПМНЕ успешен референдум е мнозинство од излезените граѓани

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров на „Фејсбук“ објави неколку конкретни ставови околу референдумското изјаснување кои ги оценуваме како вистинити, пишува „Вистиномер“. Димитров на својот „Фејсбук“ статус посочува дека во програмата на ВМРО- ДПМНЕ на страница 295 е запишано дека: „референдумот ќе биде успешен доколку го поддржат мнозинство од граѓаните кои ќе ИЗЛЕЗАТ да гласаат, а не мнозинство од запишаните...

Мицкоски си поигрува со полускриен шовинизам и лажни бројки

Христијан Мицкоски, лидерот на главната опозициска партија кој пасивно повикуваше на бојкот, а на денот на гласањето и активно го промовираше, во својот триумфализам по објавувањето на резултатите од референдумот настапи со извртени вистини и со доза на прикриен шовинизам кој покажува дека Македонците не се тие кои што гласале на овој референдум „за“, пишува „Вистиномер“. Во обраќањето до јавноста...

Сувереноста на граѓаните најдиректно се докажува на референдумско изјаснување

Суверенитетот на граѓаните најдобро се потврдува со партиципација на референдумското изјаснување, како форма на директно демонстриран суверенитет на луѓето во сопствената држава. Покрај индиректниот, т.е. пренесување на нивната сувереност врз пратениците. Оттука, пораката дека Иванов ќе бојкотира, е всушност порака до граѓаните да се откажат од своето суверено право да одлучуваат, пишува „Вистиномер“. Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов во...

Албанија: Експлозија од анонимни портали полни со непроверени вести

Во Албанија во последниве години има поплава од онлајн медиуми. Многу од нив не се транспарентни и „произведуваат“ непроверени вести, јавува дописничката на „Мета“ од Тирана. Еден од овие медиуми е Pamfleti.net. Многу од вестите објавени на овој портал се всушност тврдења презентирани во форма на факти. На пример, една од најчитаните вести на овој портал е веста со наслов...

Заев: Дезинформациите се најголем поткопувач на демократските и реформските процеси

Премиерот Зоран Заев заедно со еврокомесарот за проширување и соседска политика на Европската унија, Јоханес Хан и претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Харлем Дезир со свои воведни обраќања денеска ја отворија конференцијата за земјите од Западен Балкан, Денови на медиумите којашто се одржува во Скопје, а е во организација на Европската Комисија. Хан и Дезир ги поздравиле напорите...

Контраспин: Петте струмички студенти, петте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

Барањето за амнестија може да биде поставено, но само откако сите ќе дознаеме што навистина се случи на 27 април 2017 година. А, да се споредуваат тие настани, петте обвинети пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и петте стрелани струмички студенти во 1951 г. е неумесно, невкусно и калкулантски, пишува „Вистиномер.мк“. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од говорот на протестниот марш на неговата партија во...

МВР за „Вистиномер“: Ќе се гради нов објект на Прифатниот центар, а не нов бегалски камп

По шпекулациите во јавноста дека се планира целосно нов центар за азиланти во Визбегово, од Министерството за внатрешни работи (МВР) за „Вистиномер“ ги негираат гласините, велејќи дека е планирано само да се изгради нов објект за постоечкиот Прифатен центар за странци, кој сега се наоѓа во поранешната детска градинка на Гази Баба и е во катастрофална состојба и не...

Македонија од ЕУ доби датум, ама и услови

Премиерот Зоран Заев во своето обраќање  на тридневниот РОС-РОТ  семинар посветен на Евроатланската интеграција на Западен Балкан, кој се одржува во Собранието на Република Македонија, ја даде и следната изјава која ја сметаме за полувистина, пишува „Вистиномер.мк“ Дозволете на почетокот да споделам огромно задоволство за вчерашната одлука за добивање на датум за преговори со ЕУ, јуни 2019 година.Сакам да им честитам...

Форум за справување со дезинформации денеска ќе се одржи во Велес

Денеска во Велес ќе се одржи Форум за јавни политики на тема „Справување со дезинформациите - комбиниран пристап на властите, граѓанското општество и медиумите за долгорочни решенија“, во големата сала на Општина Велес со почеток во 10 часот. „На Форумот, во одделни панел дискусии, ќе се обратат Роберт Поповски - министер задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност,  Дамјан Манчевски - министер...

„Вистиномер“: Мицковски спинува со долгорочните ветувања на СДСМ

Манипулација е и спинување ако ветувања на една политичка партија дадени за до крајот на мандатот, друга политичка партија и ги предочува како неисполнети во рок од една година од преземањето на власта. А, Мицкоски го прави токму тоа, се вели во анализата што ја објавува „Вистиномер“ за изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, која ја оценува како...

„Вистиномер“: Владата ги надминува ингеренциите околу МРТ и ААВМУ

Владата на Република Македонија, најблаго речено, малку ги надминала ингеренциите што ги има во однос на Јавниот радиодифузен сервиси и Агенцијата за медиуми и на својата 69. Седница oдржана на 23.05.2018 година, донела заклучок да му даде на Собранието негативно мислење околу годишните извештаи за работата на ААВМУ и на Македонската радио телевизија (МРТ) за 2017 година, стои во анализата на „Вистиномер“. Заклучокот...

Шилегов: Ќе го решавам проблемот со воздухот и ќе ги изградам тунелите под Кале!

Со проекти во вредност од 300 до 350 милиони евра во текот на неговиот мандат, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов очекува дека ќе ги реши во целост или барем во голем дел најголемите проблеми на градот, како што се загадениот воздух, преоптоварениот сообраќај, притоа плаќајќи, како што вели, разумни суми, за разлика од претходното раководство. Фасадата на Сити Галери...

Јованоски: Во Прилеп работиме на сите полиња и на сите ветени проекти

Советот на Општина Прилеп работи непречено. Се донесуваат одлуки, се штитат интересите и потребите на граѓаните. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ ги очекува голема работа, се подготвуваат проекти… Дали и како ќе гласаат, сепак, тоа е нивна одлука, секој треба да си ја понесе својата одговорност,  вели градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски во интервјуто за „Вистиномер“ направено во рамките на...

Бочварски: Ветените капитални проекти планирам да ги спроведам

Благој Бочварски, градоначалникот на Штип,  во интервјуто на „Вистиномер“ направено во рамките на проектот „До отчетни општини преку активни граѓани“, спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“, а поддржан од американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy), вели дека нема да се откаже од проектот за брана на Отиња, едно од неговите најголемите ветувања. Оваа брана со децении беше ветувана и од...

Нетранспарентноста и корупцијата во судството се како „брат и сестра“

Судството во земјава има проблеми со аспектот на транспарентноста на судските постапки во сите негови фази, а не е исклучено дека зад тоа може да се крие и корупцијата во сите нејзини форми и облици. Ова е генералниот заклучок што го извлековме од нашите соговорници истражувајќи само еден, но многу значаен аспект од корпусот сегменти во судска постапка кои...

Владата вети и воведе „Отчетномер“

Владата на Република Македонија на прес конференција на 21.03.2017 година претстави електронска алатка (што ние неофицијално ја нарековме Отчетномер), за „мерење“ на трошоците на министерствата и другите институции од централната власт, што го оценуваме како исполнето предизборно ветување и ветување наведено во програмата за работа, пишува Теофил Блажевски на „Вистиномер.мк“. Ветување: (Владата) Ќе воведе принцип на т.н. „активна транспарентност“ на институциите,...

Во СЈО преслушале над 500.000 разговори – 193.000 биле приватни!

Класификацијата на разговорите што веќе е направена од СЈО за 85 отсто од разговорите што ги поседуваат, покажува на масовноста на кршењето на човековите права во земјава. Овој податок може да се најде во последниот шести по ред Извештај за работата на СЈО, пишува Теофил Блажевски во „Вистиномер.мк“. Специјалното јавно обвинителство (СЈО) последните шест месеци – од септември 2017 г. до...

Груевски не е во „Процес“, „кафкијанските процеси“ беа симбол на неговото владеење

Изразот „кафкијански процес“ во текот на изминативе десетина години честопати се користеше како метафора за де се опишат многубројните судски неправди со кои се соочуваа македонските граѓани. Токму оваа фраза стана симбол (или еден од симболите) на владеењето на Никола Груевски и на судството, кое во неговото време наместо правда делеше неправда. За разлика од главниот лик во романот на...

Недоследности и популизам околу „Мерцедесот“

Одлуката која што ја донесе Владата на својата 57 седница во врска со стопирањето на продажбата на „Мерцедесот на Груевски“, е недоследна и е последна епизода во сторијата која се повеќе се користат и популистички манири, пишува „Вистиномер.мк“. Приказната за „Мерцедесот“ започна уште со емитувањето на снимките од прислушуваните телефонски разговори до кои дојде СДСМ во 2015 година. Потоа, на...

Студентското собрание на УКИМ со реакција за зголемените трошоци: Образованието мора да остане достапно за сите

Како Универзитетско студентско собрание, ги разбираме предизвиците со кои се соочува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во справувањето со трошоците. Меѓутоа, сметаме дека најголемиот дел од овие финансиски...