fbpx
Таг: аеродром

таг: аеродром

СДСМ Аеродром и Општина Аеродром се расправаат за „бесплатното“ рекламирање

Со остра реакција за рекламирањето на Општина Аеродром во медиумите, на билборди и на автобуси на ЈСП „Скопје“ се огласи општинската организација на СДСМ во општина Аеродром, прашувајќи „зошто се трошат народни пари за рекламирање општина“ или, ако навистина рекламирањето е бесплатно, зошто и со што ги задолжила Општината медиумите и огласувачите да го даваат рекламниот простор бесплатно. - Повеќе од...

На плоштадот Македонија се подготвува пречек на ракометарите на „Вардар“

На плоштадот Македонија се подготвува пречекот на ракометарите на РК „Вардар“, кои таму треба да пристигнат во 13 часот. Сцената, на која ќе се одвива предвидената програма, е поставена во близина на Камени мост. Ракометарите на „Вардар“, кои ја освоија европската шампионска титула, се очекува да слетаат на аеродромот „Александар Велики“ во 11.15 часот, од каде ќе се упатат кон плоштадот...

Евакуиран аеродромот во Берлин поради сомнителен багаж

На берлинскиот аеродром „Тегел“ евакуирани биле патниците, а полицијата морала да интервенира поради сомнителен багаж. Портпаролот на германската полиција потоа изјави дека сомнителниот багаж, кој е пронајден на аеродромот, е безопасен. Германската полиција претходно соопшти дека истражува сомнителен багаж на аеродромот. Летовите од и кон аеродромот „Тегел“ накратко беа прекинати, откако полицијата го евакуирала терминалот Б за да го истражи сомнителниот...

„Еуровингс“ ќе почне да лета од Скопје до Минхен од октомври

„ТАВ Македонија“ најави дека германската нискобуџетна авиокомпанија „Еуровингс“ ќе почне да лета на релација Скопје - Минхен од 31 октомври годинава. Патниците од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје ќе бидат поврзани со главниот аеродром во Минхен, „Франц Јозеф Штраус“. Авиокомпанијата ќе оперира на оваа линија двапати неделно, во вторник и во петок, со воздухоплов „ербас A320-200“, со капацитет од 174 седишта. Како што...

Британски ловци пресретнале романски цивилен авион

Ловци на британското кралско воздухопловство пресретнале цивилен авион од типот „сааб 340“, кој престанал да комуницира со контролата за летање пред да слета на аеродромот во Бирминген, јавува „Би-би-си“. Ловци од типот „тајфун“ полетале од базата РАФ „Конигсби 1“ и го пресретнале романскиот авион, во кој се наоѓал тричлен екипаж, јавува британската телевизија, но не прецизира дали во авионот имало...

Ирачката војска го зазеде аеродомот во Мосул

Ирачките сили за безбедност го зазеле главниот аеродром во Мосул и околната воена база, јави државната телевизија. „Силите за брзо дејствување, сојузната полиција и антитерористилките групи упаднаа во аеродромот и во околната база Газлани“, јави телевизијата. Откако минатиот месец ги истераа милитантите од источниот дел на Мосул, ирачките сили се обидуваа да го освојат аеродромот и базата Газлани, во јужниот дел...

Евакуиран аеродромот во Хамбург поради непозната супстанца

Аеродромот во Хамбург утрово бил затворен, а патниците и вработените евакуирани, откако педестина патници почувстувале силен мирис и почнале да се жалат на проблеми со дишењето, јавуваат светските агенции. Патниците кои се пожалиле на проблеми со дишењето, според медиумите, немаат посериозни нарушувања на здравствената состојба. Засега нема официјални информации за што точно станува збор и која е причината за...

Откажани летови на „Александар Велики“ поради густата магла

Густата магла и попладнево беше причина за откажување на дел од летови на аеродромот „Александар Велики“. Според податоците од интернет страницата на концесионерот на аеродромот ТАВ Македонија, денеска не слетаа авионите кои летаа од Истанбул, Цирих, Братислава и Малме, а не скопскиот аеродром не полетаа ниту авионите за Белград, Истанбул, Цирих и Малме. Откажан е и полноќниот лет од...

Откажани летови на скопскиот аеродром поради густата магла

Поради густата магла во Скопје и во околината, отежнат е патниот и авиосообраќајот. На скопскиот аеродром „Александар Велики“, според податоците објавени на интернет-страницата на аеродромот, поради намалената видливост, не се реализирани летовите од и за Истанбул, како и полетувањата за Загреб и за Барселона. Од Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ) соопштуваат дека магла со видливост од 50 до 100 метри има...

Пет лица се убиени во напад на аеродром во Флорида

Најмалку пет лица загинаа, откако напаѓач вчера попладнето отвори оган на меѓународниот аеродром Форт Лодердејл, на Флорида, пренесуват британските медиуми, повикувајќи се на официјални претставници и на сведоци. - Во инцидентот пет лица се убиени, а осуммина се ранети - соопштија од канцеларијата на локалниот шериф. Телевизијата „Ем-ес-ен-би-си“, повикувајќи се на очевидци, јавува дека напаѓачот е маж во 20-тите години и оти...

Шест лица убиени на аеродромот во Кандахар

Најмалку шест лица се убиени на аеродромот во авганистанската провинција Кандахар. Најмалку тројца вооружени мотоциклисти отвориле оган врз автомобилот со кој службенички оделе на работа. Како што соопшти директорот на аеродромот, службеничките работеле за приватна авиокомпанија, која го прегледувала багажот и по потреба ги претресувале патниците на аеродромот. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Ишаран штабот на НСДП во општина Аеродром по синоќешниот митинг на опозицијата

Изборниот штаб на НСДП во скопската општина Аеродром, лоциран во трговскиот центар „Бисер“, ноќеска бил ишаран со пораки со политичка содржина. Партијата го пријавила инцидентот во МВР. „Имајќи предвид дека овој вандалски чин се случи непосредно по завршувањето на големиот предизборен митинг на здружената опозиција, како и самата содржина на пораките, очигледно е дека станува збор за политички мотивиран настан...

Престрелка на аеродромот во Оклахома, убиен еден вработен

Едно лице е убиено во пукање на главниот аеродром во Оклахома Сити, „Вил Роџерс“, поради што е прекинат авионскиот сообраќај. Американските медиуми јавуваат дека престрелката настанала на паркиралиштето и оти убеиниот бил вработен на аеродром. Претставници на полицијата рекоа дека сите околни улици се блокирани и ги предупредија жителите да го избегнуваат тој дел од градот. Според последните информации, осомничениот напаѓач...

„Рајската градина“, иако недовршена, дење е рај за прошетки, ноќе место за пеколни забави

Недовршената рајска градина во општината Аеродром преку ден е рај за прошетки на родители и на деца, а навечер е место за пеколни забави на младите. Тендерот за проектот за паркот неодамна беше поништен, а градежните активности се прекинати. Тоа што може да се забележи на локацијата се големи тревници, неколку летниковци, непоплочени патеки, клупи за седење, канти за отпадоци и...

„Виз ер“ воведува нова линија Скопје – Хановер

„Виз ер“ ќе воведе нова авиолинија на релација Скопје - Хановер од 31 октомври. Летовите ќе се одвиваат во понеделник и во петок од аеродромот „Александар Велики“ кон Хановер и во вторник и во сабота до Скопје. Хановер е 23. дестинација со која „Виз ер“ оперира од скопскиот аеродром „Александар Велики“, а истовремено деветта дестинација од Скопје и од Македонија до Германија. -...

Русинка уапсена на аеродромот во Атина со 2,2 милиони евра

Државјанка на Русија била уапсена на аеродромот во Атина откако цариниците кај неа пронашле повеќе од 2,2 милиони евра и 58.900 долари во готовина. Русинката во Атина пристигнала од Москва со летот на руската авиокомпанија „Аерофлот“, пренесе грчката новинска агенција АНА. Цариниците веднаш ѝ одзеле 25 отсто од парите кои ги имала со себе, казна предвидена со законот. Органите задолжени за истражување...

Шест лица загинаа во падот на италијанскиот авион

Шест лица, од кои пет мажи и една жена загинаа во падот на авионот „пајпер“ што вчера попладне се урна во близина на скопскиот аеродром „Александар Велики“, во атарот на селото Кожле. Како што објавија италијанските медиуми, авионот го управувал пилотот Франческо Монтањер, претседател на аероклубот во Тревизо, а во него биле уште потпретседателот на клубот Дарио Бастасин, како и...

Обвинителството работи на расветлување на авионската несреќа

Јавното обвинителство презема дејства за расветлување на авионската несреќа што попладнево се случи во близина на Скопје. „По добиените сознанија, обвинителството во координација со надлежните институции презема мерки за утврдување на местото на несреќата, негово обезбедување и за понатамошно постапување. Истовремено се прибираат податоци и релевантни факти во насока на утврдување на причините за несреќата. Со подетални информации јавноста ќе биде дополнително...

Полицијата ги пронајде остатоците од урнатиот авион

Полицијата ги пронајде остатоците од урнатиот авион во близина на селото Кожле, Катлановско. Сè уште се трага по патниците. Авионот попладнево исчезна од радарите на скопскиот аеродром, a неофицијално се дознава дека во авионот имало шест патници. Жителите на околните села чуле силна експлозија, по што повикале полиција. Авион со приватен комерцијален лет попладнево исчезнал од радарот во близина на скопскиот аеродром....

Исчезнатиот авион е лоциран во близина на Велес

Авионот кој попладнево исчезна од радарите на скопскиот аеродром е лоциран во близина на Велес. Тој, според нашите информации, е сè уште во пламен, а полицијата и противпожарните екипи се на терен. Неофицијално се дознава дека во авионот имало шест патници. Жителите на околните велешки села чуле силна експлозија, по што повикале полиција. Авион на приватен комерцијален лет попладнево исчезнал од радарот во...

Не е точно дека Палчо бил екстрадиран во земјава на денот на изборите, а медиумите криеле

Вистиномер се обрати во Министерството за внатрешни работи од каде добивме одговор дека до моментот (14 мај 2024 точно 14 часот попладне) Палевски не е екстрадиран во земјава. Министерот...