Поради тоа што не беа разгледани барањата на „Студентски пленум“ во рокот што неговите претставници го побараа, студентите денеска повторно го блокираа влезот на Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.
„Како што е веќе познато, нашите барања не беа разгледани во разумен рок. Затоа денеска, доследни на нашиот збор, студенти од „Студентски пленум“ повторно дојдоа да ја блокираат работата на Ректоратот. По кратко време бевме контактирани од ректорот, кој треба да се врати од службено патување подоцна во текот на денот. Добивме ветување дека во најкус можен рок ќе се состанеме и заеднички ќе се обидеме да ги отстраниме сите спорни прашања“, стои во соопштението од „Студентски пленум“.