Стејт департмент: Силно го поттикнуваме Иванов да ја повлече аболицијата

Американскиот Стејт департмент уште еднаш побара од претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, да ја повлече одлуката за аболиција и да им дозволи на Специјалното јавно обвинителство и на судовите да си ја вршат својата работа.

Ова на вчерашниот брифинг за новинари го истакнала Елизабет Трудо, директорката на канцеларијата за печат на Стејт департментот.

– Ние и Европската Унија ја искажавме нашата загриженост за важноста од веродостојни избори во Македонија. Времето е кусо. Остана уште многу да се направи. Силно го поттикнуваме претседателот Иванов да ја повлече одлуката и да им дозволи на Специјалното  јавно обвинителство и на судовите да си ја вршат својата работа – рече Трудо.