Сончево време со температура до 30 степени

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од североисточен правец. Во попладневните часови не е исклучено да има изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи, особено во југозападните делови од земјата.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 16 Целзиусови степени, а дневната од 24 до 30 степени.

Во Скопје се очекува слично време. Утринската температура ќе се спушти до 15 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 28 степени.