Сончево време со мала облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Во попладневните часови облачноста ќе се зголемува, а кон крајот на денот во западните и во северозападните делови ќе има локални врнежи од дожд и од снег.

Температурата ќе се движи од 3 до 10 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време со температура до 4 Целзиусови степени.

Најстудено утрово е во Берово со минус 12 Целзиусови степени, а максимален еден Целзиусов степен е измерен во Претор.

Според информациите на УХМР, висината на снежната покривка во Маврово е 7 сантиметри, а во Лазарополе – 5 сантиметри.