Сончево, топло и суво денеска, почнува период со повеќе сонце

Времето во Македонија денеска ќе биде стабилно и суво, со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец.

Утринската температура беше меѓу  -6 и 2 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува од 14 до 18 степени.

Во Скопје и околината слично време. Утринската температура падна на околу  -3 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 16 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно и суво време, со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец. Температурата на воздухот ќе биде во постепен пораст.