fbpx

Со автомобил прегазена мечка на патот Гостивар – Охрид

Нема повредени во патничкото возило, а мечката починала на лице место, информираат од центарот за управување со кризи (ЦУК)

-

Мечка угинала откако изутрина во неа удрило патничко возило на патот Гостивар – Охрид. Во патничкото возило нема повредени, а мечката угинала на лице место, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Настанот се случил на патниот правец Гостивар-Охрид, кај вториот каменолом. На местото на несреќата присутни се полициски службеници од ПС Гостивар и увидна екипа.

Известени се и Национален Парк Маврово и ТППЕ Гостивар за отстранување на починатата мечка од магистралниот пат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЈП Лајка: Скопските општини не плаќаат за да се заловуваат уличните кучиња

Проблемот со бездомните кучиња за кој сè почесто се говори не може да се надмине без системско решение, а законот со кој треба да се регулира несовесното сопствеништво и...