fbpx

Штипските училишта бараат помали паралелки

-

Советот на Општина Штип на наредната седница треба да одлучува дали ќе им дозволи на сите пет основни училишта да оформат паралелки со помал број ученици во прво одделение. Законскиот минимум за една паралелка е 24 ученици, меѓутоа поради малиот број запишани првачиња, училиштата се принудени да го намалат бројот на одделенија. Тоа, пак, значи дека некои наставници ќе мора да останат без работа.

Најпроблематично е во подрачните училишта, каде што се запишани од четири до осум деца во прво одделение. Во подрачното учишпте во селото Шашаварлија, каде децата учат на турски јазик, ќе има само една комбинирана паралелка од прво до петто одделение, со вкупно девет ученици.

За да го одржат финансирањето на истиот број наставници, училиштата бараат Советот на Општината да дозволи оформување на паралелки со помал број деца.

Во средношколските центри во Штип, пак, оваа година се запишани околу 20 отсто помалку ученици во прва година. Гимназијата „Славчо Стојменски“ поради тоа побара одобрување од Советот за да оформи паралеки со помал број ученици.

Во Штип, градот на текстилот, каде работат околу 80 конфекциски капацитети, и годинава парадоксална е ситуацијата во специјализираното текстилно училиште, во кое се запишаа само десетина деца во прва година.

„И мојот идентитет постои“ – се одржа Маршот за видливост на трансродовите лица

Под мотото „И мојот идентитет постои“, граѓани и активисти вчера попладне по петти пат во земјава маршираа за видливост на трансродовите лица. Маршот го организираше граѓанската иницијатива за заштита...
Download Nulled WordPress Themes
Premium WordPress Themes Download
Free Download WordPress Themes
Download WordPress Themes Free
udemy course download free
download intex firmware
Premium WordPress Themes Download
ZG93bmxvYWQgbHluZGEgY291cnNlIGZyZWU=