Се запали катедралата Нотр-Дам во францускиот град Руан

Облак чад се гледа како се крева од катедралата, една од најубавите во Франција, насликана на повеќе дела на Клод Моне

Извор: 75 Secondes -https://x.com/75secondes/status/1811345611968430491

Кулата на готската катедрала во францускиот град Руан во Нормандија се запали за време на реновирањето. Многу потсетува на пожарот во Нотр Дам во Париз во 2019 година.

Првичните телевизиски снимки покажаа темен облак од чад што се издигнува од врвот на зашилената кула додека луѓето долу од улиците ужаснати гледаа нагоре. На подоцнежните слики, сè уште можеше да се види чад низ празнината во белата обвивка што го опкружува скелето околу кулата.

Оваа француска средновековна катедрала со готска архитектура датира од 12 век и повеќепати била насликана од импресионистичкиот уметник Клод Моне во 19 век, со што ја подигнал нејзината светска слава.