Вчера, околу 18 часот, на улица Партизанска во Штип, на Г.Н. (35), додека бил на бензинска пумпа, му се доближил Д.Д. (54) и почнал вербална расправија, навредувајќи го со непристојни зборови, по што и физички го нападнал, удирајќи го со тупаници во пределот на главата и на телото.
По преземени мерки од СВР Штип, истиот е приведен и извршен е разговор. Се работи на целосно расчистување на настанот.