Регистрирани 302 нови случаи на ковид-19, пријавени 6 починати лица

ковид тест
фото: Mufid Majnun / Unsplash

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, од направени 2.182 тестови се регистрирани 302 нови случаи на ковид-19. Најголем дел од новозаразените се во Скопје – 158, Прилеп – 22, Битола – 17.

Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 35 реинфекции.

Министерството за здравство информира дека се оздравени 315 пациенти.

Во текот на последното деноноќие, пак, починале 5 лица – две лица од Скопје (79г и 81г), и по едно починато лице од Струмица (72г), Струга (80г) и Битола (90г). Сите пријавени лица починале во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е уште едно починато лице од Охрид на возраст од 88 години.

Досега во земјава се направени вкупно 1.917.551 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.016, бројот на оздравени пациенти е 289.847, на починати е 9.123 а бројот на активни случаи изнесува 2.046.