Расте бројот на жртвите во нападот на болницата во Пакистан

Деведесет и тројца загинати и стотина повредени е последниот биланс од терористичкиот напад во пакистанскиот град Квета, јавува „Раша тудеј“.

Експлозијата одекнала пред една болница, а повеќето жртви се адвокати и новинари, кои таму се наоѓале поради убиството на реномираниот адвокат Билал Каси, претседател на адвокатското здружение во Белуџистан.

Разгранок на Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот.