Радован Павловски ја промовираше книгата „Се случува вечност“

Радован Павловски

Македонски поет и академик Радован Павловски во поетската едиција на издавачката куќа „Макавеј“, ја објави новата збирка песни со наслов „Се случува вечност“.

Од „Макавеј“ информираат дека стихозбирката на овој исклучителен лиричар содржи осумдесетина песни кои се поделени во повеќе тематски циклуси: „Се случува вечност“, „Премногу живот“, „Семе за сеидба“, „Бел камен“, „Гостин во сонот“ и „Римска воденица“.