Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска и утре ќе биде домаќин на претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ, кој ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија.
Иванов и Иваниќ денеска ќе остварат тет-а-тет средба, како и пленарен состанок на официјалните делегации на двете држави.
На вториот ден од посетата, ќе се одржи бизнис-форум со учество на стопанственици од Република Македонија и од Босна и Херцеговина, на кој свои обраќања ќе имаат претседателот Иванов и претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Иваниќ.