Претседателските кандидати во САД за три месеци собраа 144 милиони долари

Републиканските и демократските кандидати за претседател на САД во третото тримесечје собрале 144 милиони долари, но најголем дел од тие пари завршиле кај неколкумина од нив, пишува порталот „Политико“.

Најмногу пари собрала поранешната државна секретарка и прва дама, Хилари Клинтон, која е фаворит за претседателска номинација на Демократската партија.

Со 27,1 милиони долари, зад неа е кандидатот Берни Сендерс, кој само од последната дебата собрал 3,2 милиони долари.