сабота, 11 јули, 2026
Meta.mk

Ознака: претседатели | 22 резултати

Иванов – Нишани: Потребно е намалување на тензиите и внимателна реторика

март 16, 2017

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска имал средба со својот албански колега, Бујар Нишани, во Баку, Азербејџан, на која го повторил ставот дека „начинот на кој се донесе пост-изборната платформа на партиите од албанскиот политички блок и изјавите кои следеа од страна на високи функционери на Република Албанија претставуваат мешање во внатрешните работи на Република […]

МВР откри: Со „она на М“ се возат и Иванов и Вељаноски и Димитриев и високи гости

февруари 14, 2017

Блиндираниот мерцедес набавен во 2012 година за 600.000 евра и заради кој Специјалното јавно обвинителство го отвори случајот „Тенк“ се наоѓа во Владата и, како што велат за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР), се користи како „главно возило за високи гости на странски делегации“. – Блиндираниот мерцедес се користи како главно возило за […]

Управниот суд ја одби тужбата на Неделкова против Судскиот совет

февруари 3, 2017

Управниот суд ја одбил тужбата на судијката Лидија Неделкова против Судскиот совет, во врска со резултатите од вонредното оценување на кандидатите за претседател на Врховниот суд, јавува „Телевизија 24“. Неделкова поднесе тужба до Управниот суд откако Судскиот совет го одби нејзиниот приговор во кој таа имаше забелешки на начинот на кој Советот го спровел вонредното […]

Лавров: Разговорот помеѓу Трамп и Путин значи дека двајцата се почитуваат

јануари 30, 2017

Првиот разговор помеѓу претседателите на САД и на Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, помина добро на политичко и на лично ниво, бидејќи покажува заемна почит помеѓу двајцата лидери и желба за соработка, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров. Според него, овој телефонски разговор покажал дека во низа области им се совпаѓаат интересите на нивните […]

Цела Македонија под привремена управа – в.д. ги водат судовите, владата и собранието

јануари 24, 2017

Трите власти во државата – законодавната, судската и извршната – се под привремена управа. Веќе два месеци, и подолго, на чело на најважните судови, Владата, Собранието, МВР се наоѓаат вршители на должност, кои привремено ги извршуваат раководните функции на кои се поставени. Ваквата ситуација го скратува дијапазонот на одлуки и на решенија што можат да ги […]

Судиите Неделкова и Џолев најавија тужби против Судскиот совет до Управниот суд

јануари 20, 2017

Судиите Иван Џолев и Лидија Неделкова најавија дека ќе поднесат тужби до Управниот суд заради одлуките на Судскиот совет, кој ги одбил нивните приговори во врска со резултатите од вонредното оценување на кандидатите за претседатели на Врховниот и на Основниот суд Скопје 1, пишува „Алсат М“. Џолев и Неделкова велат дека нивните забелешки биле поткрепени […]

За СЈО, Уставен, Врховен и за Кривичен суд, новото собрание ќе биде судбинско

декември 27, 2016

Периодот по конституирањето на новиот состав на Собранието на Република Македонија, за кое крајниот рок е 31 декември, ќе биде нова реалност за Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и за најважните судови во земјава – Врховниот, скопскиот Кривичен и Уставниот суд, кои тешките прашања ги оставија за решавање по изборите. Новата постизборна реалност, која првите црти од својот […]

Новите претседатели на Врховниот и на Кривичниот суд ќе се знаат по Нова година

декември 22, 2016

Новите претседатели на Врховниот и на Основниот суд Скопје 1 ќе бидат избрани по Нова година, потврди денеска претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, бидејќи сè уште е во тек вонредното оценување на кандидатите за оваа функција во двата суда. Советот, како што рече Караџовски, мора да го почитува и рокот од осум дена за […]

Иванов денеска ќе се сретне со претседателот на Србија, Николиќ

септември 16, 2016

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во Битола ќе се сретне со српскиот претседател, Томислав Николиќ. Николиќ е во работна посета на Македонија како дел од одбележувањето на 100-годишнината од битката на Кајмакчлан за време на Првата светска војна. За таа цел Николиќ престојуваше и во Грција. Предвидено е двајцата претседатели да одржат заедничка прес-конференција. Николиќ […]

Иванов денеска ќе се обрати на Самитот на ПСЈИЕ во Бугарија

јуни 1, 2016

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Софија ќе учествува и ќе има обраќање на Самитот на шефови на држави и на влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Самитот, кој одбележува 20 години од иницијативата и е насловен „ПСЈИЕ – 20 години клуч кон регионална соработка“, се одржува во рамките на бугарското […]

Балканската рута ќе остане затворена за мигранти сè додека Брисел не реши поинаку

април 13, 2016

Границите долж т.н. балканска рута ќе останат затворени сè додека крајните дестинации на мигрантите, односно земјите од Западна Европа, не одлучат поинаку, заклучиле претседателите на Македонија, Хрватска и на Словенија, Ѓорге Иванов, Колинда Грабар-Китаровиќ и Борут Пахор, кои денеска беа во посета на јужната граница, пишува „Радио Слободна Европа“ (РСЕ). Тројцата претседатели го посетија привремениот […]

Сите аболиции во независна Македонија: Иванов ги надмина Трајковски и Црвенковски

април 13, 2016

Тројца од вкупно четворицата претседатели на државата во историјата на самостојна Македонија ја искористија аболицијата како правен инструмент за ослободување лица од кривично гонење уште пред осомничените да седнат на обвинителна клупа во судот. Единствен што не го употребил овој институт е првиот претседател на државата, покојниот Киро Глигоров. Сите негови наследници во своите мандати аболираа […]

Китаровиќ и Пахор во дводневна посета на Македонија

април 12, 2016

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, и претседателот на Словенија, Борут Пахор, денеска и утре ќе престојуваат во Македонија. За денеска е најавена трилатерална средба со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов. Средбата ќе се одржи во кабинетот на претседателот, а по состанокот тие ќе се сретнат и со претседателите на политичките партии во Македонија. Утре тројцата претседатели […]

Грабар-Китаровиќ, Пахор и Иванов утре во посета на кампот „Винојуг“

април 11, 2016

Претседателите на Словенија и на Хрватска, Борут Пахор и Колинда Грабар-Китаровиќ, кои утре доаѓаат во посета на Македонија, заедно со нивниот домаќин, Ѓорге Иванов, ќе го посетат привремениот прифатен центар за мигранти „Винојуг“ кај Гевгелија, потврдија за „Мета“ од кабинетот на македонскиот претседател. Како што е најавено, Пахор и Грабар-Китаровиќ доаѓаат во дводневна посета на […]

Пахор и Грабар-Китаровиќ утре во посета на Македонија

април 11, 2016

Претседателите на Словенија и на Хрватска, Борут Пахор и Колинда Грабар-Китаровиќ, утре доаѓаат во дводневна посета на Македонија, каде ќе имаат средби со претседателот на државата, Ѓорге Иванов, и со лидерите на четирите политички партии. Пахор и Китаровиќ, како што јавува словенечката новинска агенција СТА, во земјава доаѓаат како лидери на процесот Брдо-Бриони, во кој […]

Иванов побарал од своите колеги да ѝ кажат на Грција да не ни носи мигранти

март 17, 2016

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, вчера и денеска телефонски разговарал со повеќе претседатели и со премиери од земјите членки на Европската Унија и од земјите од балканскиот коридор за мигрантската криза и за инцидентот што се случи на 14 март, кога околу 1.500 мигранти од Грција илегално влегоа на македонската територија, кај гевгелиското село Моин. […]

САД го поздравија состанокот на лидерите на Кина и на Тајван

ноември 8, 2015

САД го поздравија историскиот состанок на претседателите на Тајван и на Кина, Ма Јинг-џеу и Кси Џинпинг, и ги повикаа двете страни и понатаму да работат на смирување на тензиите и на промовирање стабилност во регионот. – САД го поздравуваат состанокот на двајцата лидери и подобрувањето на односите помеѓу Кина и Тајван – изјави портпаролот на […]

Претседателските кандидати во САД за три месеци собраа 144 милиони долари

октомври 16, 2015

Републиканските и демократските кандидати за претседател на САД во третото тримесечје собрале 144 милиони долари, но најголем дел од тие пари завршиле кај неколкумина од нив, пишува порталот „Политико“. Најмногу пари собрала поранешната државна секретарка и прва дама, Хилари Клинтон, која е фаворит за претседателска номинација на Демократската партија. Со 27,1 милиони долари, зад неа е […]

Страна 1 од 1