Предлози за членови на Советот на јавни обвинители и за уставен судија во Собранието

Четири комисии на Собранието денеска ќе заседаваат разгледувајќи десетици предлог-закони, но и кадровски решенија за клучните позиции во правосудството.

Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе утврдува предлози за членови на Советот за јавни обвинители, но ќе избере и кандидат за судија на Уставниот суд.

На другите комисии ќе се расправа за низа предлог-закони со кои ќе се воведе АПТИС тестот за англиски јазик за раководители на различни нивоа и во различни институции, но и е се исфрла психолошкиот тест како услов за вработување на ваквите кадри.

Ќе се расправа и за предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема, како и за предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за класифицирани информации.