Познатата полска компанија CD PROJEKT RED што ги направи игрите Witcher 3 и Cyberpunk 2077 ги укинува своите продажби кон Русија и Белорусија

Скриншот од Полска Амбасада

Познатата полска компанија CD PROJEKT RED што ги направи игрите Witcher 3:The Wild Hunt и Cyberpunk 2077 ги укинува своите продажби кон Русија и Белорусија. Истата фирма е сопственик и на GOG (Good Old Games) платформата каде се продаваат голем број игри кои сега нема да можат да се купат во Русија и Белорусија. Оваа вест беше потврдена и со твит од Полската Амбасада кај нас

И двете најпознати нивни игри преставуваат културен феномен во „гејминг светот“ особено сите игри за Вичер. Покрај одличната игра и книгите се репопуларизира и со серијата Witcher на Netflix. Главно е што се работи за игри со глобален импакт. 

Ова се должи на барањата на Украинскиот вицепремиер Микхаило Федоров кој на 2 март со писмо и твит побара сите гејминг компании во целиот свет да реагираат против Русија. Федоров исто така побара „привремено да се стопира учеството на руски и белоруски тимови и гејмери во сите интернационални гејминг евенти и да се откажат сите интернационални евенти на територија на Русија и Белорусија“.

Многу други компании ширум светот реагираа. CD Projekt Red се придружува на Apple со стопирање на продажбите кон Русија. ЕА Games  ги исфрлија руските тимови од своите игри Fifa и NHL. Ubisoft додаде дополнителни фондови и им ги исплатиле платите однапред на своите вработени во Украина и им обезбеди алтернативно вдомување во соседните земји. 

И Полската Амбасада во име на оваа инцијатива кај нас го постираше и слоганот : “Војната не е игра”.