Извор: Порталб.мк

Процесот на гасификација во Тетово веќе неколку месеци се попречува од нелегален објект кој се наоѓа на само три метри блиску гасоводот, што со закон е забрането. Од Дирекцијата за енергетски ресурси побарале од Општина Тетово уривање на овој објект за да не се попречува процесот на гасификација, сепак, не добиле одговор. Освен тоа, од општината не одговараат ни на новинарските прашања на Порталб.мк зошто ја попречуваат гасификацијата не обезбедувајќи услови за тоа. Порталб.мк го обезбеди документот со кој се бара уривање на објектот без дозвола.

Изградбата на гасоводната мрежа до Тетово и Гостивар од делот на Скопје, иако повеќе од пет години се ветува од актуелната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, оваа општина не соработува за завршување на овој проект. Дури прави и пречки.

Бајрам Реџепи, директор на енергетски ресурси во РСМ за Порталб.мк истакна дека со постоењето на тој објект без дозвола и евентуално некој друг објект, проектот за гасоводот нема да може да добие дозвола за употреба. Тој додаде дека властите на општина Тетово не одговориле на неговото барање.

„Проектот за гасоводот никогаш нема да добие дозвола за употреба доколку има неовластени објекти околу него. Предметниот објект што ни создава проблеми се наоѓа на 3 метри од гасоводот. Првично побаравме од општина Тетово информации за тоа дали за тој објект има дозвола за градба, откако не известија дека не постои, побаравме негово уривање бидејќи само тие ја имаат таа надлежност, но се уште немаме одговор“, рече Бајрам Реџепи, директор на Енергетски ресурси во Северна Македонија.

Порталб.мк го обезбеди документот од Дирекцијата за енергетски ресурси со кој се бара уривање на објектот без дозвола за градба. И на терен го забележавме објектот кој е во фаза на изградба.

Иако поставивме прашања неколку пати и се обидовме да контактираме со портпаролите на Општина Тетово, од таму не сакаа да коментираат на оваа тема.

Се ветува од 2017 година

Едно од главните ветувања на актуелната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, беше гасификацијата на градот Тетово, врз основа на физибилити студија која ја чинеше оваа општина 6 милиони евра.

Според физибилити студијата, прво се планира гасификација на училиштата, а потоа и на целиот град, вклучително и домаќинства и за греење.

Од Општина Тетово во текот на 2018 година изјавија дека ним им било ветено дека работите за гасоводот ќе завршат во текот на 2020 година.

„Од разговорите што ги водевме, нормално неофицијални, со директорот на енергетски ресурси, тие се оптимисти дека Тетово ќе биде вклучено во главната траса, и ако не грешам – тие стигнале до Гостивар, и се многу оптимисти дека до 2020 година, оваа работа ќе биде завршена“, изјавија од Општина Тетово за весникот КОХА во 2018 година.

Општина Тетово не соработува во овој процес

Објект без дозвола го загрозува гасоводот да не ја добие потребната дозвола за употреба доколку не биде срушен, а надлежности за тоа има само општина Тетово, иако и самите признаа дека објектот е без дозвола, тие не го срушиле и не одговараат на прашања на новинарите или институциите зошто објектот не е сè уште срушен.

Од друга страна, Општина Тетово не изврши уште една задача за овој процес, а тоа е формирање на јавно претпријатие што ќе биде одговорно за гасификацијата, бидејќи секој град што е вклучен во овој процес има свое претпријатие за гасификација, додека централното претпријатие е во Скопје.

Инаку, Владата на РСМ обезбеди 90 милиони евра за 204 километри гасоводна мрежа. Еко активистите постојано повикуваа на внесување природен гас во Полошкиот регион, со оглед на тоа што тој беше еден од најзагадените региони во земјата.