Поради Трамп, Западот стана помал и послаб, оцени Зигмар Габриел

Потезите на претседателот на САД, Доналд Трамп, го ослабеа Западот, а неговата краткорочна политика ѝ штети на Европската Унија, оцени шефот на германската дипломатија, Зигмар Габриел.

– Секој што ги забрзува климатските промени, слабеејќи ја животната средина, кој продава најмногу оружје во зоните на конфликт и кој не сака политичко решение на верските конфликти, го загрозува мирот во Европа – изјави Габриел на еден од партиските митинзи.

Краткорочната политика на американската влада, според Габриел, е спротивна на интересите на ЕУ.
– Западот стана помал, во најмала рака стана послаб – рече Габриел.