Вчеравечер, во два часот по полноќ, во угостителскиот обект „Дац“ во Чашка, физички биле нападнати двајца полициски службеници. Полицајците интервенирале по претходна пријава за нарушување јавен ред и мир од В.Б. (55) од Чашка, кој бил под дејство на алкохол. Тогаш В.Б. физички го нападнал едниот полицаец, удирајќи го со двете раце во пределот на градите, а другиот полицаец го каснал за левата рака. Откако В.Б. бил приведен во полициската станица, физички нападнал полициски службеник удирајќи го со глава во пределот на градите.
Хроника Под дејство на алкохол, тепал и гризел полицајци
Македонските стрип-автори меѓу најбројните на Меѓународниот салон во Белград
На 21. Меѓународен салон на стрип во Белград, кој од 26 до 29 септември се одржува во Студентскиот културен центар, македонските учесници традиционално се меѓу најбројните. На распишаниот стрип-конкурс...