Почна средбата меѓу лидерите на политичките партии

Со 20 минути доцнење, почна средбата на лидерите на политичките партии, поради тоа што премиерот Никола Груевски не дојде навреме.

Форматот на присутните е ист како и на претходните средби, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер дојде со министерот за надворешни работи, Никола Попоски.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е во присуство на Рената Дескоска-Треневска, а Али Ахмети, претседателот на ДУИ, е со министерот за образование Абдилаќим Адеми.

Се очекува евроамбасадорот Аиво Орав, кој заедно со американскиот амбасадор, Џес Бејли, е присутен на преговорите, да го презентира извештајот на ЕК што го подготви Рајнхард Прибе.

Според информации од преговарачките тимови, средбата не би требало да трае долго.