Почна изградбата на првата домашна фабрика во Бунарџик

Фабриката „Хај-тек“, која претставува прва домашна инвестиција во слободната економска зона Бунарџик, денеска почна да се гради.

Инвестицијата чини 20 милиони евра, а ќе бидат отворени 300 работни места.

„Хај-тек“ е компанија што соработува со голем број светски компании од автомобилскиот сектор.