Почина авторот на серијата „Ало, ало“

Џереми Лојд, авторот на хумористичната серија „Ало, ало“ на телевизијата „Би-Би-Си“, синоќа на 84-годишна возраст почина во болница, како последица на воспаление на белите дробови, јавуваат британските медиуми.

Лојд, заедно со сценаристот Дејвид Крофт ги создаде сериите „Ало, ало„ и „Дали сте послужен?“ (Are you being served?), а глумел и во филмот „Ноќ по тежок ден“ и во телевизиската серија „Одмаздници“.

Добитник е на орденот на британската монархија ОБЕ 2013, за својата работа на британската комедија.