По четири дена, ЈСП повторно го укина бесплатниот јавен превоз за возрасните лица

Фото: Арбнора Мемети

Порастот на бројот на новозаболени лица од Ковид-19 во Скопје предизвика повторно воведување на рестриктивната мерка за укинување на бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица. Од утре (2 јуни) жените со/над 62 години и мажите со/над 64 години нема да можат бесплатно да се возат на градските и приградските линии во Скопје во вторник, петок, сабота и недела.

„ЈСП апелира на рационално користење на превозот и на задолжително носење на заштитна опрема согласно уредбите за заштита од Ковид-19“, се вели во соопштението на ЈСП-Скопје.

Бесплатниот превоз за пензионерите беше воведен во петокот на 28 мај, и тоа по речиси два и пол месеци прекин на оваа поволност поради појавата на корона вирусот во земјава.