Пјонгјанг повторно истрела ракети

Северна Кореја утринава истрела повеќе проектили со краток домет во море, во близина на својот источен брег, соопшти јужнокорејската војска.

Во соопштението се наведува дека проектилите летале 200 километри, по што паднале во водите источно од Северна Кореја.

Северна Кореја кон крајот на минатата недела истрела два балистички проектила на изолиран остров, што претставува директно кршење на новите санкции што ги воведоа Обединетите нации и Соединетите Американски Држави поради нуклеарните и ракетни проби.