Партијата на шоуменот Слави Трифонов нема да достави предлог за нова влада на Бугарија

Влез во метро станицата „Сердика“ и статуата на Софија. Фото: Мета.мк

Откако партијата „Има таков народ“ (ИТН) на шоуменот Слави Трифонов, која се смета за победник на вонредните парламентарни избори на 11 јули со освоени 65 пратенички места во 240-члениот парламент на Бугарија, соопшти дека нема да формира влада, се поизгледно е дека Бугарија ќе оди на нови парламентарни избори.

Во телевизиско обраќање денеска, Трифонов соопшти дека партијата одлучила да не предложи влада, откако две од „протестните“ партии, односно релативно новите партии што беа остра опозиција на владеењето на ГЕРБ на Бојко Борисов не и дадода поддршка.

Партијата ГЕРБ, која на изборите во јули освои 63 пратеници, веќе објави дека нема да направи обид да формира влада.