Пакистан: Осум загинати во терористички напад

Осум лица загинаа, а 16 се ранети во синоќешниот бомбашки напад пред шиитска џамија во пакистанскиот град Равалпинди.

Како што јавуваат локалните медиуми, напаѓачот со мотор пристигнал до џамијата, а ја активирал бомбата откако бил запрен при полициска проверка.