Опозицијата денеска во 14 часот ќе ја потпише платформата за демократска Македонија

СДСМ и коалициските партнери денеска во 14 часот во седиштето на партијата ќе ја потпишат платформата за демократска Македонија.

По потпишувањето на платформата, обраќање ќе има лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Со потпишувањето на оваа платформа коалициските партнери се  обврзуваат на заедничко и бескомпромисно дејствување во одбрана на законското и уставното функционирање на државата.